text size
Верувам дека ако го започнам текстот со Охрид, првото нешто што ќе ви падне на ум е дека подолу ќе го анализираме туристичкиот сектор. Но, не, овој пат пренесуваме нова корпоративна приказна на успешна компанија – голема фабрика лоцирана во овој езерски град на југозападниот дел од државата. Станува збор за „ЛТХ Леарница“ – компанија за производство на алуминиумски компоненти за автомобилската индустрија.