text size
Македонските граѓани треба да се молат да завршат војните на Блискиот Исток и меѓу Русија и Украина бидејќи во спротивно им се заканува енергетска криза која ќе поттикне нов инфлаторен бран во 2027 година. Овие геополитички превирања годинава предизвикаа значителен раст на цените на храната, струјата и нафтата за кои Македонија е зависна од увоз. Покачените цени директно или индиректно влијаат врз стапката на инфлација во земјава, а ад хок мерките како што се актуелните владини мерки за ублажување на нафтениот шок преку намалување на акцизите и ДДВ-то за нафтените деривати, како и ограничувањето на растот на цените на прехранбените производи во малопродажбата што беше применувано во неколку наврати можат само делумно да помогнат на краток рок.