text size
Индексот на трошоците на животот во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Станува збор за благо забавување на инфлацијата ако се земе предвид дека во јуни годишната стапка на инфлација изнесуваше 3,4 проценти.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 проценти.
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 4,4 проценти, рекреација, спорт и култура за 2,6 проценти, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,9 проценти, ресторани и услуги за сместување за 0,7 проценти, услуги за образование за 0,3 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.
Прочитај повеќе
Глобалните цени на храната достигнаа највисоко ниво по повеќе од три години
Индексот на Обединетите нации за цените на прехранбените производи во јули порасна за 0,6 отсто во споредба со претходниот месец, предводен од растот на цените на житарките, шеќерот и растителните масла.
пред 2 часа
Зошто инфлацијата во Македонија и регионот е повисока и потрајна отколку во еврозоната?
Цените на храната се главната причина поради која Македонија и останатите земји од Западен Балкан имаат поголеми маки со инфлацијата.
пред 6 часа
Климатските промени се вградени во цените - збогум на евтината храна
Сушата ги намалува приносите, топлотниот бран ги зголемува трошоците за ладење и енергија, поплавата ги оштетува патиштата и го прекинува снабдувањето - а сето тоа постепено се претвора во цени на храната, енергијата, транспортот и осигурувањето.
05.08.2026
Нафтата ја враќа инфлацијата, ЕЦБ под притисок за нов потег
Пазарите сè повеќе очекуваат Европската централна банка да преземе нов чекор и повторно да ги зголеми каматните стапки.
31.07.2026
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 проценти, облека и обувки за 0,2 проценти, информации и комуникации и здравствена заштита за 0,1 процент.