text size
Индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на август 2025 година, бележи зголемување од 2,6 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,3 проценти, а инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2026 година, во однос на јули 2026 година изнесува 0,4 проценти.
Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: рекреација, спорт и култура за 3,1 проценти, ресторани и услуги за сместување за 2,5 проценти, лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 0,5 проценти, покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0,4 проценти, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,2 проценти.
Во август 2026 година, во однос на јули 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: транспорт за 0,8 проценти и облека и обувки за 0,3 проценти.
Прочитај повеќе
Дизелот над 100 денари за литар - значително повисоки цени на горивата од полноќ
Од полноќ горивата повторно поскапуваат - дизелот скока за 6 денари и стигнува до 101 денар за литар, а екстра-лесното масло достигнува 105 денари.
пред 50 минути
Европскиот гас урива рекорди – максимална цена, минимални залихи
Цените на природниот гас во Европа и Азија се искачија на највисоко ниво за повеќе од три години во последните денови.
04.09.2026
Растот на цената на шеќерот може да им ги замати сметките на „Витаминка“ и „Атлантик Група“
Лошото време и намалената сеидба ја намалија глобалната понуда, зголемувајќи ја цената на белиот шеќер за околу 40 проценти од почетокот на годината.
пред 7 часа