text size
Дизелот од полноќ поскапува за шест денари и ќе се продава по 101 денар за литар, додека најголем ценовен скок има кај екстра-лесното масло за домаќинство, кое поскапува за осум денари и ќе достигне 105 денари за литар. Поскапуваат и бензините - еуросупер БС-95 ќе чини 97 денари, а БС-98 ќе биде со цена од 99 денари за литар.
Одлуката ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), со која се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати во земјава.
Еуродизелот (Д-Е V) од полноќ ќе се продава по 101 денар за литар, што е зголемување од шест денари во однос на досегашната цена. Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за осум денари, па новата цена ќе изнесува 105,00 денари за литар.
Корекција има и кај бензините. Еуросупер БС-95 поскапува за три денари и ќе чини 97 денари за литар, додека еуросупер БС-98 исто така поскапува за три денари и новата цена ќе биде 99 денари за литар.
Поскапува и мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 1,591 денар по килограм. Новата малопродажна цена на мазутот ќе изнесува 46,001 денари за килограм.
Од РКЕ објаснуваат дека новите цени се утврдени врз основа на движењето на референтните цени на нафтените деривати на светските берзи, како и промените во курсот на денарот во однос на американскиот долар.