text size
Реформа на пензискиот систем е неопходна, но таа мора да ги опфати истовремено двата столба затоа што само на тој начин ќе се гарантира стабилноста на идните пензии, а не само на сегашните. Ова е заклучокот од дебатата „Одржливи пензиски системи – меѓународни искуства и предизвици“ во организација на Асоцијацијата на друштва за управување со пензиски фондови (АДПФ).
„Првиот и вториот столб се надополнуваат и не се конкуренција еден на друг затоа секоја реформа треба да ги опфати и двата столба за да биде целосна. Секое прелевање на одговорност од едниот кон другиот столб би значело и прелевање на идните обврски за исплата на пензии “, рече Марјан Николовски, претседател на АДПФ.
Според Татјана Бојковска, член на УО на „Сава пензиско друштво“ одлуките што се носат денес мора да ги земат предвид и интересите на идните генерации. Тие треба да се поддршка на одржливоста на системот и донесат стабилност за идните пензионери, а да не се фокусирани само на исплатата на сегашните пензии. За стабилноста на идните пензии важни се приносите што ги остваруваат друштвата од вториот столб, но многу поважни се висината на придонесите кои се плаќаат и старосната граница за пензионирање затоа што тие се основната маса која се инвестира и од која се остварува принос.
Прочитај повеќе
Ќе издржи ли пензискиот систем: Опција - постепено зголемување на старосната граница
Ако животниот век се зголемил за три години во сиот овој период старосната граница за пенизонирање не се зголемила за ниту еден месец
11.11.2026
Пари како за избори, за пензиски дупки и за социјален мир: Анализа на буџетот за 2027 година
Буџетот за идната година предвидува економијата да порасне за 3,8 отсто, а стапката на инфлација да изнесува 3,2 отсто. Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 отсто од БДП.
12.11.2026
Колку е оправдано воведувањето на капитално финансираното пензиско осигурување?
Сѐ подолгиот животен век, нискиот наталитет и стареењето на населението веќе со децении го ставаат под силен притисок македонскиот пензиски систем.
30.07.2026
Кои се клучните фактори за висината на пензиите во Македонија?
И покрај тоа што поминаа две децении од реформата на пензискиот систем, во јавноста се уште се шират шпекулации и постојат нејасностии околу причините за оваа реформа.
22.07.2026
„Може да има сценарија кои ќе бидат болни, но на долг рок да дадат позитивни резултати, а постои и друга можност, преку фискални мерки на долг рок резултатите да бидат недоволни“, рече Бојковска.
Навремената уплата на придонесите е важна
Приносите што ги остваруваат пензиските друштва од вториот столб во просек изнесуваат 5,5 отсто номинално и 2,3 отсто реално. Од вкупно 3,5 милијарди евра акумулирани во вториот столб, 1,26 милијарди евра, односно 36 проценти, се резултат на инвестирањето, Иван Стојановиќ, член на УО на „КБ Прво пензиско друштво“
„Податоците од извештајот на МАПАС за кварталот кој заврши на 30 септември годинава укажуваат дека приносот за последните 12 месеци на сите пензиски фондови поединечно изнесува над осум проценти во номинален износ, а во реален износ 5,07 отсто. Овие резултати се од период кога инфлацијата релативно се стабилизира“, рече Стојановиќ.
Важно е и уплатите на парите кон друштвата од вториот столб да се реализираат редовно. Од 45 до 60 дена доцни преносот на веќе наплатените пензиски придонеси во вториот столб. За тоа време, парите не се инвестираат во корист на осигурениците. Сегашните проблеми со доцнењето би требало да бидат надминати со предложените законски измени кои дефинираат уплатите да ги врши УЈП, а не ПИОМ како досега.
Разговорите за намалување на стапката што сега се уплатува кон приватните пензиски друштва или нејзино замрзнување не се од полза за идните пензионери затоа што тоа ќе влијае на намалување на идните пензии од вториот столб, но и зголемување на товарот врз државниот Фонд.
Полскиот неуспешен модел
На дебатата присуствуваа и експерти од неколку земји кои ги споделија своите искуства. Според нив, сегашниот македонски модел е добар и реформата само треба да го надгради, а не да го менува.
„Теоретски, оптималните стапки на принос треба да изнесуваат меѓу 4-6 отсто номинално, и 2 до 3 отсто реално. Оттука, македонскиот систем треба да продолжи во оваа насока, а менаџирањето на ризикот што го имате овде е поважен од приносите“, рече Алеш Ипавец од НЛБ, Словенија.
Според Предраг Бејаковиќ, виш истражувач во Институтот за јавни финансии во Загреб, би била вистинска штета ако земјава го напушти сегашниот модел.
„Убивањето на овој модел ќе ја наруши довербата затоа вториот столб мора да се сочува. Во Хрватска токму ваквата реформа се смета се единствена успешна реформа“, рече тој.
Мачеј Битнер, раководител на тимот за регулаторни анализи на берзата во Варшава смета дека Македонија треба да учи од лошиот полски пример.
„Полска во 2014 година отиде во погрешна насока и го укина вториот столб. Со тоа земјата стана целосно зависна од првиот, државниот фонд. Тоа е лошо од аспект на демографија. Вториот столб е добар за да се дисперзира ризикот“, рече тој.
И според Дорин Александру Бадеа, коизвршен партнер во „Атриум капитал“ од Романија, двостолбниот систем гарантира заштита на идните пензионери.