text size
Постепено усогласување и враќање на висината на пензискиот придонес на 21,1 проценти и постепено зголемување на старосната граница за пензионирање се две најкрупни реформи кои треба да следуваат за да се осигура одржливоста на македонскиот пензиски систем. За овие реформи зборувале и експертите на дебатата која во средата се одржа во Скопје на покана и во организација на Асоцијацијата на приватни пензиски друштва во земјава. Во време кога гласно се предизвикуваат резултатите кои приватните пензиски друштва ги остварија од почетокот на реформата, а дури и претставници на власта ја дебатираат потребата за постоење на вториот приватен пензиски столб, став на друштвата е дека парите на осигурениците во приватните пензиски друштва се личен имот и заштеда која друштвата ја капитализираа во име на идните пензионери.
„На дебетата и денеска стана збор дека овие реформи се потребни. Од една страна враќање на висината на пензискиот придонес, а од друга страна постепено усогласување на работниот со животниот век. Тие дебати се водат и на глобално ниво, а потребни се и овде. Ако животниот век се зголемил за три години во сиот овој период старосната граница за пенизонирање не се зголемила за ниту еден месец, вели Маријан Николовски, претседател на Асоцијацијата на приватни пензиски друштва.
Претавниците од друштвата велат дека тие не бараат зголемување на старосната граница, но дека тоа е експертски став кој треба да се земе предвид. Во 20 години колку што постојат друштвата од вториот столб, номиналниот принос на инвестираните пари на идните пензионери изнесува 5,5 отсто, а реалниот принос е 2,3 проценти. Весна Стојановска, претседател и член на Управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво вели дека реалната вредност на заштедите се зголемила во сите години од реформата номинално за три пати, а реално за 58 отсто.
Прочитај повеќе
Колку е оправдано воведувањето на капитално финансираното пензиско осигурување?
Сѐ подолгиот животен век, нискиот наталитет и стареењето на населението веќе со децении го ставаат под силен притисок македонскиот пензиски систем.
30.07.2026
Кои се клучните фактори за висината на пензиите во Македонија?
И покрај тоа што поминаа две децении од реформата на пензискиот систем, во јавноста се уште се шират шпекулации и постојат нејасностии околу причините за оваа реформа.
22.07.2026
Потребна ли е реформа на вториот пензиски столб?
По 20 години, фискалната математика е јасна и немилосрдна - вториот столб не успева да ги зголеми пензиите, но транзицискиот трошок успева да ги „зароби“ јавните финансии, вели доцент Никола Алтипармаков, професор на Економскиот факултет во Белград.
02.07.2026
Државата ќе го спасува ПИОМ со парите од Агенцијата за вработување
Сегашната стапка која се издвојува за ПИОМ изнесува 18,8 отсто, со измените во Законот таа ќе стигне до 19,9 отсто. Издвојувањето пак за осигурување во случај на невработеност од сегашните 1,2 отсто ќе се сведе на само 0,1 отсто.
26.06.2026
„Според последната анализа на земјите од ОЕЦД, реалниот принос на пензиските заштеди се движи меѓу 0,5 и 4 отсто, што значи дека нашите 2,3 проценти се некаде на средина и тоа ако се споредуваме со поразвиени земји, вели Стојановска.
Се очекува во следниот период со примена на концептот на мултифондови кој е во процедура, приносот да се зголеми за околу 1,5 проценти поени.
Снежана Станковиќ, претседателка на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“ изјави дека парите од приватните друштва изнесуваат 16 отсто од вкупната актива на земјата, а клучната предност е што тие како личен имот се наследни и за сите важи принципот на транспарентност односно осигурениците во секое време можат да погледнат каков е билансот на инвестираните пари.
Коментирајќи ги изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека друштвата имаат лош менаџмент денеска од овие компании велат дека нивната работа е јавна и контролирана од страна на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).