text size
Вечерва од полноќ поевтинуваат горивата. Согласно новата одлука на РКЕ, дизелот од 24 ноември ќе се продава по најмногу 88,50 денари за литар, а бензините ќе чинат 82 и 84 денари за литар. Новите цени стапуваат во сила во 00:01 часот.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), максималните малопродажни цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,28 отсто. Најголемо намалување по литар има кај дизелот, за 3,50 денари. Двата бензина поевтинуваат за по два денара, а екстра лесното масло за домаќинствата за 2,50 денари по литар. Мазутот поевтинува за 0,204 денари по килограм.
Според РКЕ, во однос на претходната пресметка, референтните цени на бензините се намалиле во просек за 5,874 отсто, а на дизелот за 6,505 отсто. Кај екстра лесното масло падот изнесува 5,671 отсто, а кај мазутот 2,236 отсто.
Прочитај повеќе
Тешко се наоѓа купувач во САД за рускиот дизел од договорот на Трамп
Неколку трговци со суровини и други потенцијални учесници во зделката оцениле дека ризиците се преголеми за да разгледаат увоз на руски дизел во САД.
12.11.2026
Нафтата поскапува по силниот пад, трговците ги анализираат изгледите за војната со Иран
Суровата нафта брент поскапе додека трговците ги проценуваа последиците од остриот пад во средата, кога убедливата победа на демократите на американските избори на средина од мандатот ја турна цената на нафтата надолу за речиси девет отсто.
05.11.2026
Бензинот во САД првпат чини над 4 долари за галон на денот на изборите
Бензинот во САД чини во просек 4,13 долари за галон, повеќе отколку на кој било претходен изборен ден, вклучително и во 2022 година, кога цените достигнаа историски рекорд.
03.11.2026
Врз пресметката влијаел и девизниот курс. Според РКЕ, курсот на денарот во однос на американскиот долар бил повисок за 1,4248 отсто во споредба со претходниот пресметковен период.
При утврдувањето на новите цени се применети и владините мерки за намалена стапка на ДДВ од 10 отсто за дизелот и за намалени акцизи за бензините и дизелот.