text size
Во македонската јавност веќе подолг период трае дебатата околу прашањето колку е оправдана висината на цените на становите, а со оглед на тоа што во некои делови од централното подрачје на Скопје станбениот квадрат веќе надмина 3.000 евра. Вообичаено, граѓаните негодуваат за високите цени, а градежниците го оправдуваат растот на цените со зголемената побарувачка и ограничената понуда, како и со растот на трошоците за градење. Додека трае дебатата, цените на становите и понатаму растат со забавено темпо и покрај тоа што статистиката бележи континуиран пад на продажбата на нови станови.