text size
Германската влада има намера да ја преполови квотата работници од Западен Балкан коишто би можеле секоја година да прифатат понуда за работа во Германија од сегашните 50.000 на 25.000 лица почнувајќи од јануари 2027 година. На овој предлог, којшто треба да помине во Бундестагот реагираше Сојузната агенција за вработување на Германија која укажа дека квотата веќе биле недоволна за да ги опфати сите пријави во 2025 година, а ќе биде исцрпена и пред крајот на оваа година.
„Во процесот на консултации, Сојузната агенција за вработување се залага за задржување на постојната регулатива, гледано од аспект на пазарот на трудот“, наведуваат од агенцијата.
Оттаму укажаа дека работниците од земјите од Западен Балкан играат важна улога во задоволувањето на потребите за работна сила, вклучително и за квалификувана работна сила.
Прочитај повеќе
„Дојче Банк“ била „машина“ за сомнителни трансакции: Профитот поважен од законите
И по претходните скандали, банката не се откажала од работењето со спорни и санкционирани клиенти.
пред 4 часа
Мерц: Германија би можела да го блокира буџетот на ЕУ поради нерамномерната поддршка за Украина
„Билатералната помош за Украина е распределена нерамномерно и главно ја носат само неколку земји-членки“, напиша Мерц во писмото до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
09.11.2026
Деловната активност во Германија забавува повеќе од очекуваното поради секторот услуги
Композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) на „СП Глобал“ падна на 52,8 во октомври
23.10.2026
„Во моментов (состојба во септември 2026 година), околу 546.000 лица од земјите од Западен Балкан се вработени во Германија и за нив се плаќаат придонеси за социјално осигурување. Во текот на изминатите пет години, оваа бројка е зголемена за 170.000“, соопшти агенцијата.
Иако регулативата за Западен Балкан не бара поседување формална квалификација, 53 проценти од вработените, односно 287.000 лица, работат на позиции за кои е потребна најмалку квалификација за стручен работник.
„Според тоа, работниците од Западен Балкан придонесуваат и за ублажување на недостигот од квалификувана работна сила на германскиот пазар на труд. Околу 45 проценти од овие 287.000 квалификувани работници се вработени во сектори каде што постои изразен недостиг од кадар, првенствено во градежништвото, транспортот и логистиката, угостителството и секторот за нега и грижа“, наведе агенцијата.
„Блумберг Адрија“ пишуваше дека вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци што живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120 лица, што е за над 2.000 лица повеќе отколку во 2024 година кога оваа бројка изнесувала 158.995 лица. Од 2015 година до 2025 година бројот на македонски државјани регистрирани како странци во Германија се зголемил за над 65.000 лица.
Германската статистика открива и дека континуирано расте бројот на натурализирани македонски граѓани во Германија односно лица кои добиле германско државјанство. Од 2000 година до 2024 година вкупно 24.013 македонски граѓани условно кажано станале Германци.