text size
Приватниот сектор во Германија забави повеќе од очекуваното, бидејќи високата инфлација изврши притисок врз услужниот сектор. Композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) на „СП Глобал“ (S&P Global) падна на 52,8 во октомври, од 53,8 претходниот месец, но сепак остана над прагот од 50, кој ја разграничува експанзијата од контракцијата. Аналитичарите очекуваа помал пад, до 53,4.