text size
Македонските компании сè повеќе плаќаат за работната сила, но тоа не значи дека создаваат и поголема економска вредност. Додека платите растат под притисок на недостигот од работници и зголемувањето на минималната плата, продуктивноста речиси стагнира, што го продлабочува јазот меѓу трошоците за труд и ефикасноста на корпоративниот сектор. Ваквите трендови ги отвораат прашањата колку долго македонската економија може да ја одржува конкурентноста врз основа на релативно евтина работна сила и каква е важноста на технолошкиот развој и примената на вештачката интелигенција за преструктуирање кое би довело до зголемување на продуктивноста?