text size
Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат, а за т.н. атрактивни локации во Центар и Водно и натаму има најголем интерес и покрај високите цени. Според агенцијата за недвижности „Левел“, огласените цени на становите во Центар се движат околу 2.500 евра за квадрат, а на одредени локации на Водно надминуваат дури 3.000 евра. Анализата на „ЦенаКвадрат“, онлајн платформа што ги следи огласените цени на становите, просечната цена на становите во Скопје во средината на септември 2026 година достигнала 2.158 евра за квадрат, наспроти 1.876 евра во истиот период лани. За една година, всушност, квадратот во огласите поскапел за околу 15 отсто. Според кварталниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности, пак, од јули до септември 2026 година новите станови во Центар се продавале по просечна цена од 1.992 евра за квадрат.