text size
Германската влада има намера да ја преполови квотата работници од Западен Балкан коишто би можеле секоја година да прифатат понуда за работа во Германија од сегашните 50.000 на 25.000 лица почнувајќи од јануари 2027 година. На овој предлог, којшто треба да помине во Бундестагот реагираше Сојузната агенција за вработување на Германија која укажа дека квотата веќе биле недоволна за да ги опфати сите пријави во 2025 година, а ќе биде исцрпена и пред крајот на оваа година. „Блумберг Адрија“ пишуваше дека вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци што живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 161.120 лица, што е за над 2.000 лица повеќе отколку во 2024 година кога оваа бројка изнесувала 158.995 лица.