text size
Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава се зголемиле за 10,3 проценти, покажуваат новите податоци на Народната банка. Станува збор за благо забавување на годишниот раст со оглед на тоа што во вториот квартал тој изнесуваше 13,4 проценти, а во првиот квартал 16,6 проценти.
Сепак, овие податоци треба да се земат со резерва со оглед на тоа што индексот на цени на станови што го изработува Народната банка се базира на податоци кои се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на градот Скопје, а не на податоци за продадените станови.