text size
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2026 година, изнесуваше 49.141 денар, соопшти Државниот завод за статистика. На годишно ниво номиналниот раст достигна 8.1 отсто, а реалниот 5.2 отсто.
„Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 отсто, административни и помошни услужни дејности за 10.6 отсто и трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.0 отсто“, соопшти ДЗС.
На месечно ниво најголемо зголемување на нето платата има во секторите: рударство и вадење камен за 6.0 отсто, преработувачка индустрија за 3.0 отсто и јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување за 2.5 отсто.
Прочитај повеќе
Фразата „плата по договор“ заминува во историјата
Во јуни годинава во земјите од Европската Унија стапи во сила новата директива за транспарентност на платите. Иако оваа директива не е обврзувачка за земјава со оглед на тоа што не е преточена во Законот за работни односи, таа веќе има силно влијание.
17.11.2026
Третина од работодавците не исплатиле септемвриска плата навреме
Над 70.000 вработени во Македонија не добиле бруто плата за септември во законскиот рок односно до 15 октомври, соопшти Управата за јавни приходи.
10.11.2026
Лица со плата до 500 евра најбројни кредитокорисници во македонските банки
Граѓаните со пониски примања носат значителен дел од задолженоста на домаќинствата, но имаат најниска просечна задолженост по лице.
10.11.2026
Расте и синдикалната кошничка
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2026 година изнесува 70 827,00 денари. На месечно ниво, таа е зголемена за 469 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија. Ако во пресметките за минималната кошничка се вклучат и трошоците за изнајмен стан од 60 квадрати, таа достигнува 86 202,00 денари.
Според пресметките на ССМ, само за храна просечното домаќинство троши најмалку 25.900 денари, а оваа ставка е најголема во вкупната пресметка, 36,6 отсто.