text size
Над 70.000 вработени во Македонија не добиле бруто плата за септември во законскиот рок односно до 15 октомври, соопшти Управата за јавни приходи.
Плата за септември требало да исплатат 74.782 работодавачи за 553.040 вработени лица, а исплатиле 66,11 отсто од работодавачите (49.439) за 481.003 вработени лица, односно за 86,97 отсто од вработените, наведе УЈП.
Во поглед на обврските за ДДВ, 98,5 отсто од регистрираните месечни и 97 отсто од тримесечните ДДВ обврзници навремено, во законскиот рок до 25-октомври, ги поднеле даночните пријави за ДДВ за даночниот период.
Прочитај повеќе
Лица со плата до 500 евра најбројни кредитокорисници во македонските банки
Граѓаните со пониски примања носат значителен дел од задолженоста на домаќинствата, но имаат најниска просечна задолженост по лице.
пред 9 часа
Гевгеличанец и oхриѓанец лани заработиле над 4 милиони евра
Највисоката годишна бруто-плата изнесува 139,1 милион денари (2,2 милиони евра), додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари (4,1 милиони евра), а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари (2,7 милиони евра).
21.10.2026
„Даночен долг за месечни и тримесечни ДДВ пријавиле и обврска за уплата имале 21.061 даночни обврзници на вкупен износ од 5,578 милијарди денари, од кои 60,2 отсто или 12.676 даночни обврзници ја исполниле обврската во законскиот рок, при што уплатиле 45,6 отсто од вкупно пријавениот долг или во паричен износ уплатиле вкупно 2,542 милијарди денари. За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг“, соопшти УЈП.
За тие кои не ги извршиле обврските навреме, Управата за јавни приходи претходно доставува персонализирани известувања доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од паричните средства од банкарската сметка (блокада на сметка).
„Нашата цел како Управа за јавни приходи е да имаме висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делуваме проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник“, велат од УЈП