text size
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека во изминатиот период започна со проверки на податоците што ги има добиено од банките за приливите од странство на граѓаните остварени во текот на 2021 година. Во оваа насока, Управата за јавни приходи доставила персонализирани известувања до физичките лица – резиденти на Република Северна Македонија за кои располагала со податоци дека оствариле доход од странство во текот на 2021 година, со повик во одреден рок да ги исполнат законските даночни обврски.
Во текот на годината, Управата за јавни приходи во неколку наврати преку медимите и јавно информирање ги повика граѓаните да ги исполнат обврските за изминатите години, воедно беа дадени и насоки и појаснувања, а сега Управата испрати персонализирани известувања со рок за постапување.
„Доколку обврските не се исполнат доброволно, Управата за јавни приходи ќе ги преземе мерките во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот“, наведуваат од УЈП.
Прочитај повеќе
Гевгеличанец и oхриѓанец лани заработиле над 4 милиони евра
Највисоката годишна бруто-плата изнесува 139,1 милион денари (2,2 милиони евра), додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари (4,1 милиони евра), а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари (2,7 милиони евра).
21.10.2026
Од октомври доброволно, од април задолжително: Македонија воведува е-фактура
Предложената регулатива предвидува воведување централен систем преку кој ќе се процесираат фактурите, којшто постепено ќе стане задолжителен практично за целата економија.
26.08.2026
Лајкови, нарачки и кеш: Овој македонски пазар државата тешко го гледа
Пазарот на социјалните мрежи во Македонија расте, но границата меѓу реклама, препорака и продажба станува сè понејасна, па институциите тешко ги следат трансакциите.
16.03.2026
Оттаму објаснуваат дека треба да се има предвид дека не секој доход остварен од странство подлежи на оданочување во Македонија и соодветно не секој граѓанин кој добил порака за остварен доход од странство треба да поднесе е-пдд пресметка.
Кој доход од странство треба да се пријави?
Обврската за пријавување на доходот се однесува на физичките лица кои оствариле доход од странство што подлежи на оданочување согласно ЗДЛД, вклучително и доход по основ на:
-
доход од работа (плата, хонорари, интелектуални услуги, фриленс);
-
доход од закуп, вклучително и доход остварен преку платформи како Airbnb и Booking.com;
-
капитални добивки (продажба на имот, криптовалути, хартии од вредност и друго);
-
доход од капитал (дивиденди, камати и други финансиски приходи);
-
авторски права;
-
добивки од игри на среќа; и
-
други видови доход што подлежат на оданочување согласно законските одредби.
Кои приливи од странство не подлежат на оданочување?
Приливите од странство добиени по основ на подарок, семејна поддршка, позајмица или трансфери преку „Вестерн Унион“, „Риа“, „Маниграм“ и слични сервиси не претставуваат автоматски оданочив доход само поради тоа што се примени од странство.
„Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби. Затоа, кога е потребно, физичкото лице треба да располага со соодветни докази за основот на приливот“, информираат од УЈП.
Помош и поддршка
Управата за јавни приходи апелира до сите физички лица кои примиле прилив од странство да ја проверат својата даночна обврска и, доколку е потребно, навремено да поднесат електронска пресметка на аконтацијата на данокот (е-ППД) и да ја извршат уплатата на утврдениот данок, со цел почитување на законските прописи и избегнување на евентуални прекршочни или даночни постапки.