text size
Македонските компании влегуваат во период на голема промена во начинот на кој ќе ги издаваат и примаат фактурите. Со предлог-законот за електронско фактурирање, којшто е објавен на Електронскиот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) државата предвидува воведување централен систем преку кој ќе се процесираат фактурите, којшто постепено ќе стане задолжителен практично за целата економија. Првиот важен датум е 1 октомври 2026 година, од кога субјектите ќе можат доброволно да се регистрираат во системот. Задолжителната примена потоа ќе се воведува во неколку фази.