text size
Повеќе работи неделава тргнаа наопаку, ама најтешко му е изгледа на Џенсен Хуанг. Цел свет дозна дека имал афера со жена од Кина, за која прво се претпоставуваше дека шпионирала во корист на Пекинг, а потоа „Блумберг“ објави дека фирма поврзана со неа сепак набавила забранети чипови од „Енвидија“. Потоа се дозна дека имал уште една афера, ама таа политички била неважна.
Компанијата потона, Хуанг поднесе оставка, бордот се соочи со проблеми околу наследувањето и на крајот ја избра Колет Крес, финансиска директорка во компанијата, да го преземе водството на „Енвидија“.
Хуанг, кој над четири децении живеел во навидум среќен брак, на крајот се нарече себеси гом... и ќе треба да биде распрашан од американскиот Конгрес. Сепак, не е дека останува без опции, Илон Маск му понуди работа.
И на „Мајкрософт“ нешто му тргна наопаку. Му се случи најголем дефект во историјата, кој тешко се санира. Проблемот на компанијата им предизвика тешка главоболка на сите. Светот се врати на телефоните и факс-машините.
Нешто тргнало наопаку и со документацијата на „Антропик“. Пропуст ги вознемири инвеститорите пред големото ИПО, кое цели кон вредност од 1,4 милијарда долари. Анализиравме дали може ИПО-то од малите акционери да направи милионери, како што направија „седумте величествени“, а овде се петте работи што треба да ги знаете во пресрет на ИПО-то најавено за следната недела.
Прочитајте повеќе:
Кои компании во Македонија се рекордери во профитните маржи?
„Најшортирани“ акции од S&P 500: Каде инвеститорите очекуваат пад, а каде се крие можност?
Повеќе работи се наопаку и во земјава. Во истата недела заврши дебатата за ребалансот на буџетот за оваа година и почна нова, за буџетот за идната година. Премиерот вели дека избори не се добри за земјава, а буџетот за 2027 година предвидува ДИК да добие над 390 отсто повеќе пари од годинава.
Становите во Карпош и во Центар надминаа 3.100 евра за квадрат, а продажбата тоне.
Инфлацијата забрза во октомври, а освен транспортот, забрзано поскапува и месото. Говедското за две години поскапело над 25 отсто, а ние се лутиме што хамбургерот надминал 280 денари. Сега останува да ја чекаме новата цена на струјата.
Прочитајте повеќе:
Кој повлекол 17 милијарди динари за два дена од „Алта банка“
Имаат пари за ново, купуваат носено: Кој во Македонија заработува од трифтманијата?
Сигурно нешто наопаку им тргнало и на третина од работодавците, па не исплатиле септемвриска плата навреме. Нема плата, има кредити. Младите најмногу се задолжуваат со брзи кредити, а лицата со плата до 500 евра се најмногубројни кредитокорисници во македонските банки.
Анализиравме колку странци се доселиле во земјава лани, одговорот е повеќе отколку што има жители во неколку наши града на кои одамна им е тргнато наопаку. Исто како и на земјоделците, кои се на дното по висината на субвенциите по хектар во Европа.
Она што допрва може на сите да ни тргне наопаку се пензиите. Ќе издржи ли пензискиот систем ако не се зголеми старосната граница?