text size
Новиот бран на таканаречени хибридни напади, кој во изминатите десетина дена ја стави Европа во состојба на висока подготвеност, сериозно го вовлече малопродажниот сектор во арената на геополитичките пресметки. Во низата лажни дојави за поставени бомби во патнички авиони, закани упатени кон медиумски куќи и сајбер напади врз системите за контрола на банките за крв, се најдоа и сајбер нападите врз системите за ладење на големите европски синџири супермаркети.