text size
Купувањето облека од втора рака стана избор и за младите што можат да си дозволат нова. На трифт-базарите и платформите за препродажба бараат парчиња што ги нема во актуелните колекции, стари модели од омилените брендови и облека со која ќе изградат сопствен стил. За некои од нив, изборот има и еколошка причина, веќе произведеното да се носи подолго.