text size
Пред една година, падините на Палисејдс Тахо беа речиси без снег. На божиќното утро работеше само една од околу 40-те жичници во ски-центарот. Оваа година, одморалиштето, омилено зимско одредиште на жителите на заливската област на Сан Франциско, беше отворено на 21 ноември, четири дена порано од очекуваното. До Денот на благодарноста таму беа измерени речиси 1,8 метри снег.
„Возбудата во моментов е навистина огромна“, изјави Ејми Охран, претседателка и главна оперативна директорка на Палисејдс.
Американските оператори на ски-центри, кои со години водат егзистенцијална битка со климатските промени, денес чувствуваат ретка емоција: оптимизам. Прогнозите за снег низ американскиот Запад се охрабрувачки благодарение на еден од најсилните феномени Ел Нињо досега забележани.
Прочитај повеќе
Седум идеи за скијачки одмор додека сè уште има снег
Избраните скијачки центри не се случајно на листата - комбинацијата од содржини за сите возрасти ги прави идеални за комплетен зимски одмор.
07.02.2026
Избираме планини за да избегаме од горештините - како климата ги менува навиките на туристите
Сè потоплите лета почнуваат да ја менуваат туристичката карта на Европа - Скандинавија, северот на Стариот Континент и планинските дестинации привлекуваат сè повеќе патници што бегаат од екстремните горештини.
29.08.2026
Зошто идните мајки плаќаат и 4.000 евра за луксузен одмор пред породувањето?
Во свет во кој бременоста изгледа како уште еден проект со кој треба да се управува, луксузниот одмор нуди здивнување од непрекинатото размислување. Еве неколку такви одмори во Португалија, Шпанија и Франција, наменети токму за трудници...
15.11.2026
И времето не можеше да биде подобро. Минатата сезона беше толку лоша што ги поткопа речиси сите механизми за заштита од климатските ризици што индустријата вредна 60 милијарди долари ги градеше со децении. Иако милиони скијачи имаа сезонски пропусници што им овозможуваа да патуваат во различни ски-центри, снег недостигаше речиси насекаде освен во Нова Англија. Посетеноста нагло падна, а наскоро по неа и продажбата на пропусници.
Bloomberg Mercury
Надежта е дека снежните бури предизвикани од Ел Нињо ќе го променат тоа, иако овој временски феномен често носи крајности, или изобилство или недостиг.
На секои две до седум години, воздушните струења што ги насочуваат бурите преку Пацификот се поместуваат кон југ, како подвижна лента за временски системи. Тогаш љубителите на скијањето веќе во септември почнуваат да го изговараат „Ел Нињо“ како име на дарежливо снежно божество.
Досега оваа година, феноменот веќе донесе обилен снег во калифорниските планини и испорача значителни снежни наноси и подалеку на исток, во Аризона сноубол и Сипапу Ски ресорт во Ново Мексико. Ел Нињо исто така донесе пониски температури, што им овозможи на одморалишта како Палисејдс Тахо континуирано да произведуваат вештачки снег.
„Прогнозите поврзани со Ел Нињо носат многу оптимизам, но не и сигурност“, вели Охран. „Но кога ќе ги видиме овие рани снежни обрасци, тоа создава силен замав.“
Сепак, Ел Нињо може да биде непредвидлив. Кога воздушните струења се поместуваат на југ, тоа обично носи повеќе врнежи во калифорниската Сиера и на југозападот на САД. Истовремено, феноменот често задржува потопол воздух зад себе, што резултира со повисоки температури и помалку снег во североисточниот дел на земјата и на северозападниот брег на Пацификот.
Областите помеѓу нив, вклучувајќи ги Карпестите Планини, срцето на американската ски-индустрија, можат да тргнат во која било насока.
Bloomberg Mercury
Бред Пју, метеоролог од Националната метеоролошка служба, вели дека снежните ефекти на Ел Нињо често се делат по трасата на автопатот Интерстејт 70, кој води западно од Денвер и завршува јужно од Солт Лејк Сити.
„Тоа е некаква граница“, вели Пју, „меѓу потпросечни снежни врнежи на север и натпросечни на југ.“
Познатите снежни дестинации како Стимбоут спринг, Џексон Хол и Биг скај годинава се на помалку поволна страна од историските трендови, додека Телурајд, Таос и Мамут Маунтин изгледаат многу подобро позиционирани. Во последните десет зими под влијание на Ел Нињо, одморалиштата на американскиот југозапад добивале околу една третина повеќе снег од вообичаено, според Сем Колентин, метеоролог во платформата„Опенсноу“.
Кога Ел Нињо носи поволни услови за Колорадо и Јута, тоа најчесто се случува во март, додава Колентин.
Сепак, нема да биде потребно многу за оваа сезона да биде подобра од минатата, барем надвор од Нова Англија. Во голем дел од земјата снегот не пристигна ниту рано ниту во доволни количества подоцна. Минатата сезона скијачите оствариле 52,6 милиони скијачки денови на американските планини, што е 15 отсто помалку отколку во зимата 2024-2025, според Националната асоцијација на скијачки центри. Одморалиштата во Калифорнија, Колорадо и Јута изгубиле околу една четвртина од вообичаениот сообраќај.
Пред две или три децении, таква зима би турнала голем дел од американската ски-индустрија кон банкрот, вели Патрик Сколс, директор и аналитичар за секторот за слободно време во„Траст фијаненшел“.
Денес, пак, 61 ски-центар, вклучувајќи ги најголемите и најпосетуваните во САД, се во сопственост на само две компании: „Алтера Маунтин“ и „Веил рисортс“. Двете компании поголемиот дел од приходите ги обезбедуваат уште пред Денот на благодарноста преку продажба на сезонски пропусници, деловен модел што сериозно почна да се развива пред околу 20 години. Со тоа продажбата стана постабилна, а бизнисот помалку зависен од временските услови.
Преку портфолија од одморалишта на различни локации, двете компании создадоа географска заштита од ризик: ако една област е без снег, скијачите можат да ги користат своите пропусници во регион со подобри снежни услови.
Но тоа беше многу потешко да се продаде минатата зима, кога поголемиот дел од патеките беа она што скијачите го нарекуваат „коскести“, односно со тенок снежен покривач. Извршниот директор на „Веил“, Роб Кац, сезоната 2024-2025 ја нарече „една од најпредизвикувачките зими во историјата на американскиот Запад“.
Сепак, сезонските пропусници беа еден вид спас. Кога одморалиштата почнаа да затвораат во април, „Веил“ објави дека приходите од жичниците се намалиле само за 5,6 отсто, иако бројот на скијачки посети паднал за 15 отсто.
Но се појави ефектот што Сколс го нарекува „мамурлак“. Во неделите по априлскиот извештај, стратегијата со сезонски пропусници што ја спаси катастрофалната зима на „Веил“ почна да се распаѓа. Голем број сопственици на пропусници ги избришале известувањата за обновување без да реагираат. На почетокот на есента продажбата на сезонски пропусници на „Веил“ за сезоната 2026-2027 беше за 12 отсто помала.
„Еден човек од Колорадо ми рече дека минатата зима повеќе играл голф отколку што скијал“, вели аналитичарот на „Дојче банк“ , Крис Воронка. „Кога ќе добиете известување за обновување, си велите: ‘Не знам дали повторно ќе го направам ова’.“
Bloomberg Mercury
За „Алтера“, „Веил“ и бројните помали оператори најважно не е да имаат исклучителна снежна година, туку да избегнат уште една катастрофална сезона што дополнително би ја поткопала продажбата на сезонски пропусници.
„Инвеститорите ќе почнат да се прашуваат: ако ова е новата нормалност, дали бизнисот трајно е оштетен?“, вели Сколс.
Кац во септември им кажал на аналитичарите дека компанијата не очекува целосно закрепнување на сообраќајот оваа зима и дека се подготвува за делумно поместување од сезонски пропусници кон дневни билети за жичници. Ако луѓето немаат доверба да платат за цела сезона, компанијата смета дека барем ќе платат за еден или неколку дена скијање.
„Тоа носи поголема варијабилност и ризик“, признава Кац.
До пролет, сепак, тонот можеби ќе биде пооптимистичен. Бил Рок, претседател на планинскиот сектор во „Веил“, изјави дека компанијата историски има корист од потиснатата побарувачка кај луѓето кои претходната сезона не скијале онолку колку што сакале. Тој потсети и дека компанијата од 2015 година инвестирала најмалку 100 милиони долари во системи за производство на снег.
Според сè, Ел Нињо ќе овозможи дел од таа опрема оваа сезона да мирува. На Денот на благодарноста скијачи веќе се спуштаа по патеките на околу 46 северноамерикански одморалишта. Најголемите снежни покривки беа измерени во Палисадес околните центри, иако ски-центрите во Колорадо, Јута и Вајоминг имаа повеќе од 30 сантиметри снег на популарните патеки.
Воронка од „Дојче банк“ внимателно ги следи временските прилики, но засега не брза да ја менува својата целна цена за акциите на „Веил“.
„Не придаваме преголемо значење на ниту една поединечна година“, вели тој. „Реалноста е дека дури и ако имаат одлична сезона, тоа веројатно нема да се повтори и следната година.“