text size
Сè потоплите лета, предизвикани од климатските промени, почнуваат да менуваат една од највкоренетите туристички навики - патувањето на југ во потрага по плажа, сонце и море. Колку се променило европското лето најдобро покажуваат историските податоци за температурите. Просечната температура на европското копно нагло расте од 1986 година, а просекот во последните пет години веќе е за околу 2,4 Целзиусови степени повисок отколку во втората половина на 19 век, покажуваат податоците на Службата за климатски промени „Коперник“. Летото во 2025 година беше четврто најтопло откако постои официјалната европска статистика.