Кога „ЕЦМ Партнерс“ (ECM Partners), заедно со хотелската групација „Акор“ (Accor), го препознаа потенцијалот на хрватското крајбрежје во Нови Винодолски, целта не беше само да се изгради уште еден ресорт. Визијата беше јасна: да се создаде дестинација што ги комбинира меѓународните стандарди со длабоко почитување на локалната култура.
„Не сакаме да го реплицираме она што веќе постои по должината на брегот“, вели во ексклузивното интервју за „Блумберг Адрија“, Надер Бавани, директор за портфолио и развој на бизнисот во „ЕЦМ Партнерс“, инвестициска компанија со долгогодишно искуство во Централна и Југоисточна Европа. Со речиси милијарда евра инвестирани во регионот од своето основање и 28 завршени проекти до денес, „ЕЦМ Партнерс“ го позиционира „Мувенпик Резиденс Кварнер Беј“ (Mövenpick Residences Kvarner Bay) како една од најбараните дестинации во Југоисточна Европа.
Нови Виндолски нуди автентичен залив, непречен поглед на морето, далеку од масовниот туризам/Mövenpick Residences Kvarner Bay
Тој вели дека Нови Винодолски нуди нешто навистина ретко на хрватскиот брег - „Го зачувал својот автентичен шарм и не бил преплавен од масовниот комерцијален туризам. Опкружен со лозја, маслинови градини и традиционални села, градот и неговата околина го зрачат духот на медитеранскиот живот. Во исто време, локацијата е исклучително практична - лесно е достапен со автомобил од бројни градови во Централна и Југоисточна Европа, а аеродромот во Риека е оддалечен само 30 минути.
Прочитај повеќе

Патување од 40.000 долари што го менува животот: Зошто расте бројот на агенти за луксузен одмор?
Во последните три години бројот на луѓе што на Линкдин се претставуваат како туристички агенти или советници за луксузен одмор се зголемил за повеќе од 50 проценти, што ја прави петта најбрзорастечка професија во тој период.
18.10.2025

Нова опсесија на македонските туристи: Зошто масовно патуваат во Исланд?
Аранжманите што им се нудат на клиентите најчесто вклучуваат организирани групни тури со водичи.
05.09.2025

Ве водиме во словенечката Тоскана: Седум предлози за љубителите на естетиката и виното
Меѓу лозја, ридови и камени имоти, словенечките Горишка Брда и Крас раскажуваат приказни за луксуз, дегустации во семејни визби и вкусови што се паметат.
03.09.2025

Скриени туристички бисери покрај автопатот од Загреб кон југ
Вргорац, дестинација на вино и песни, открива скриени бисери – полиња, водопади и езера што ги мамат истражувачите и љубителите на авантури.
24.08.2025

Најубавите плажи на хрватските острови за љубителите на луксуз во природа
Кога зборуваме за луксуз, сè помалку размислуваме за материјални добра, а сè повеќе копнееме по искуство што ни овозможува да избегаме од секојдневниот живот.
02.08.2025
Бавани додава дека една од клучните предности е уникатноста на самото земјиште, бидејќи е една од ретките големи парцели директно до морето во овој дел од Јадранското Море. „Природниот залив обезбедува зачудувачка атмосфера, а големината на земјиштето овозможува создавање ресорт кој изгледа отворено и пространо, а во исто време е во хармонија со околината“, вели тој.
Автентичност и искуство на прво место
„Мувенпик Резиденс Кварнер Беј“комбинира 198 хотелски соби и 304 брендирани резиденции. „Ние не создаваме генерички луксузен ресорт“, објаснува нашиот соговорник, додавајќи дека сè е базирано на локалната култура, материјалите, традиционалната кујна и внимателно одбраните искуства. Резиденцијалните погодности вклучуваат приватен салон за сопствениците на резиденции, коворкинг простор, детски клуб, падел терен, низа ресторани, приватна плажа, повеќе базени, модерен фитнес центар, како и најголемиот спа центар во Хрватска, кој се простира на над 14.000 квадратни метри.
Првите сто резиденции веднаш до морето ќе бидат готови до летото следната година | Mövenpick Residences Kvarner Bay
Покрај тоа, како што е најавено, сопствениците ќе добијат и статус Акор Платиниум (Accor Platinum), кој им обезбедува премиум бенефиции во над 5.700 хотели од оваа хотелска група во 110 земји низ целиот свет. Дополнителна придобивка за сопствениците е можноста за учество во професионално управуваната програма за изнајмување „Мувенпик“, која овозможува приход кога резиденцијата не е во употреба. Бавани вели дека очекува проектот да биде особено привлечен за купувачите кои сакаат флексибилност во нивниот животен стил од Хрватска, но и од околните земји: Словенија, Унгарија, Австрија и Германија. Ова очекување се базира на увидот дека сè повеќе луѓе сакаат да имаат втор имот на дестинација за одмор, кој можат да го користат во различни периоди од годината.
Резиденциите што сопствениците можат да ги изнајмат и да остварат дополнителен приход се распоредени во 35 згради | Mövenpick Residences Kvarner Bay
Резиденциите ќе бидат распоредени во 35 згради, а Бавани вели дека ценовниот опсег е широк - од резиденции со една спална соба кои ќе чинат 360.000 евра, додека оние со две спални соби почнуваат од 400.000 евра и се зголемуваат според големината, погледот и ориентацијата, додека премиум пентхаусите надминуваат милион евра. Изградбата е планирана во фази.
Нашиот соговорник вели дека првата група од сто, сместена во првиот ред кон морето, со непречен поглед на островот Крк, ќе биде достапна следното лето, а преостанатите резиденции ќе бидат завршени вон сезона по летото 2026 година.
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Mövenpick Residences Kvarner Bay
Погледнете ја галеријата
Целосниот ресорт, со сите објекти и резиденции во целосна функција, ќе се отвори пред летото 2027 година. Кога го прашале за големината на инвестицијата, Бавани одговара: „Иако обично не коментираме за точниот износ на нашата инвестиција, вкупната пазарна вредност на проектот по завршувањето ќе биде околу 250 милиони евра“. Тој нагласува дека ова е еден од најзначајните проекти во угостителскиот сектор што оваа инвестициска компанија го имплементирала и дека тие имаат за цел да го подигнат целокупниот стандард на она што регионот го нуди.
Политика на нулта-километар
Сепак, тој додава дека проектот не бил без свои предизвици: „Реновирањето ресорт од оваа големина е секогаш комплексно. Се соочивме со структурни и системски предизвици што бараа дополнителна работа, но решивме да не правиме компромис со квалитетот“. Кога го прашале за одржливоста, Бавани дава поширока рамка на која инсистирале сите вклучени партнери - од живеалишта што ќе имаат намалена потрошувачка на енергија и вода, подобар квалитет на внатрешниот воздух и нетоксични материјали.
Инвеститорите велат дека посветуваат посебно внимание на одржливите практики и вклучувањето на заедницата | Mövenpick Residences Kvarner Bay
„Спроведовме политика на нулта-километар, а на лице место има и компостер кој ја претвора храната во почва за локалните фарми. Исто така, планираме да понудиме бесплатни часови по пливање за локалните деца и да вработиме локален персонал. ‚Мувенпик Кварнер Беј‘треба да биде не само ресорт, туку и вреден дел од заедницата“, заклучува Бавани.
Основан во Швајцарија во 1948 година, „Мувенпик“ е познат по тоа што посветува посебно внимание на ентериерот на своите имоти.
„Мувенпик Резиденс Кварнер Беј“ е дизајниран од реномираното лондонско студио „Ателиор“ (Atellior). Дизајнерските елементи се елегантна интерпретација на начинот на живот на ривиерата, со меки линии, богати текстури и природни тонови, сончеви соби и поглед на морето и Кварнерскиот Залив.