text size
Многупати сум грешел во текот на мојата кариера, но една од најголемите грешки што некогаш сум ги ставил на хартија датира од декември 2014 година, кога бев повикан да напишам прилог за новата рубрика „Money Well Spent“ во списанието Money. Решив да пишувам за 2.600 долари што во 2001 година ги издвоив за целосно новиот титаниумски PowerBook G4 на Apple, набавка за која во ниту еден момент не се покајав и кој до денес остана мојот омилен компјутер на сите времиња. Неговата леснотија и преносливост, заедно со мазната графика, тенкиот раб околу екранот и совршено рамното куќиште - сите тие работи го направија мојот живот посреќен и полесен, и доколку тука застанев со мојата колумна, немаше да има никаков проблем.