Може ли вештачката интелигенција да нè направи поубави?
Можат ли алгоритмите навистина да одредат што е убаво и дали нивните совети даваат резултати?
07.11.2026
Можат ли алгоритмите навистина да одредат што е убаво и дали нивните совети даваат резултати?
07.11.2026
Поранешниот управител на фондови, осуден на шест години затвор поради вмешаност во еден од најголемите финансиски скандали во историјата на Шведска, денес гради нова кариера како инфлуенсер и ментор на млади кои сонуваат за брзо богатство и бараат претприемачки успех на социјалните мрежи.
17.10.2026
Пред четботовите да почнат да ни го објаснуваат светот, Википедија нè научи да прифаќаме знаење без авторски потпис. Новата книга на Ричард Кук истражува како енциклопедијата создадена од волонтери го подготви теренот за денешната вештачка интелигенција.
16.10.2026
Додека осаменоста расте, а сѐ повеќе луѓе пребаруваат како да стекнат нови пријателства, се појавува нова генерација апликации кои користат вештачка интелигенција за да нѐ вратат од разговорите во чет кон реалниот свет. Но, дали навистина успеваат во тоа?
05.09.2026
Од државни обврзници и кредити до модерното банкарство, долгот ги движи економиите, создава пари и го отвора патот кон богатството, но истовремено носи ризик од финансиски катастрофи. Како овој концепт стар илјадници години стана една од најмоќните сили на современиот свет?
29.08.2026
Уште од Римското Царство, историјата нè учи дека ниедна единствена светска валута не владее засекогаш. Може ли доларот да остане доминантен ако политичката стабилност и влијанието на Соединетите Американски Држави ослабат, и кој е најголемиот „виновник“ ако тоа се случи?
25.07.2026
Правилата за деловно облекување потекнуваат од време кога летата не беа вака жешки. Дали е време да се променат?
18.07.2026
Едниот еп почнува со војна, другиот со патување. Едниот ги истражува славата и смртта, другиот идентитетот, љубовта и враќањето. „Илијада“ и „Одисеја“ не се само најважните дела на античката книжевност, туку и огледала во кои луѓето со векови ја препознаваат сопствената природа.
11.07.2026
„Нетфликс“ и „A24“ ја искористија расправијата меѓу Ханс Ниман и Магнус Карлсен - контроверзија што ги открива стравовите зад онлајн бумот на шахот.
04.07.2026
„Фрида“, аматерски хор за жени над 40 години фокусиран на креативно изразување и создавање простор за психолошка и емоционална поддршка преку уметноста.
30.05.2026
Заборавеното правило за буџетирање 50-30-20 повторно стана вирално благодарение на генерацијата зед и финансиските трендови на социјалните мрежи. Моделот повторно го отвора прашањето како да се распределат приходите во услови на инфлација, раст на трошоците и променливи извори на заработка.
23.05.2026
Индустријата поврзана со менопаузата експлодира - се проценува дека до 2030 година ќе вреди повеќе од 24 милијарди долари. Еве како да се мине низ тој период и да се остане активна и силна.
26.04.2026
Од растечката моќ на Кина и глобалниот југ до влијанието на технолошките компании, новиот систем ќе биде посложен, фрагментиран и потенцијално опасен - но исто така и пофлексибилен во решавањето на глобалните проблеми, според виш политички аналитичар во аналитичкиот центар „Нова Америка“.
19.04.2026
Едуард Хабсбург-Лотаринген во книгата „Хабсбуршкиот пат“ нуди совети како да се избориме со предизвиците во периоди на нестабилност. Отвора и поуки што добро им служеле на Хабсбурговците...
11.04.2026
Човекот што со години беше поларизирачка фигура меѓу Иранците стана централна точка на досега најголемото народно отфрлање на Исламската Република. Неговата зголемена популарност ја одразува длабоката фрустрација на граѓаните на Иран, и во земјата и во дијаспората.
14.03.2026
Доналд Трамп ги претвори своите преговарачки вештини во спектакл: ветувања, ракувања и закани ги заменуваат формалните договори, а неговата политика „на работ на договор“ носи правни, економски и дипломатски ризици. Нашиот есеј истражува како овој стил ги менува правилата на играта и што значи тоа за светот.
07.02.2026
Завршете ги нагодувањата на вашиот профил за да уживате во персонализирана содржина.
Linkedin pretraživač može ograničiti određene funkcije našeg sajta.
Da biste pristupili svim funkcijama sajta i osigurali najbolje korisničko iskustvo, otvorite ovaj link u eksternom pretraživaču.
Kliknite u gornjem desnom uglu na ikonicu , zatim izaberite opciju "Otvori u pretraživaču"