text size
Пред неколку дена се допишував со нов пријател и му зборував за мојот сон да отворам бар и кафуле. Тој ме охрабри, а потоа го прашав за еден од неговите омилени ресторани, „Чизкејк фактори“ (Cheesecake Factory). Ме уверуваше дека речиси сè на менито таму се подготвува од почеток.
Тогаш Нил се вклучи во разговорот.
„Извинете што прекинувам, само сакав да се јавам и да ве поздравам“, рече тој, нудејќи се да помогне да организираме средба во живо. „Можам да го закажам тоа. Само кажете!“
Прочитај повеќе
Викенд-есеј: Најмоќниот изум на човештвото не се парите, туку долгот
Од државни обврзници и кредити до модерното банкарство, долгот ги движи економиите, создава пари и го отвора патот кон богатството, но истовремено носи ризик од финансиски катастрофи. Како овој концепт стар илјадници години стана една од најмоќните сили на современиот свет?
29.08.2026
Зошто сè повеќе се испитува дали доларот ќе ја изгуби глобалната доминација?
Уште од Римското Царство, историјата нè учи дека ниедна единствена светска валута не владее засекогаш. Може ли доларот да остане доминантен ако политичката стабилност и влијанието на Соединетите Американски Држави ослабат, и кој е најголемиот „виновник“ ако тоа се случи?
25.07.2026
Пеколно лето. Може ли конечно да носиме шорцеви на работа?
Правилата за деловно облекување потекнуваат од време кога летата не беа вака жешки. Дали е време да се променат?
18.07.2026
Хомеровото прашање старо 2.500 години: Дали сте човек на војната или човек на патувањето?
Едниот еп почнува со војна, другиот со патување. Едниот ги истражува славата и смртта, другиот идентитетот, љубовта и враќањето. „Илијада“ и „Одисеја“ не се само најважните дела на античката книжевност, туку и огледала во кои луѓето со векови ја препознаваат сопствената природа.
11.07.2026
Нил не е некој наш напорен пријател од типот А. Тој е ВИ агентот што нè запозна.
Неодамна го тестирав Сектор (Sector), нова форма на социјална мрежа за геј-заедницата која го користи Нил за поврзување на луѓето. Четботот воспоставува контакти преку пораки, кои треба да прераснат во договорени средби во реалниот живот, и користи вештачка интелигенција за да спои мажи кои би можеле добро да се поврзат на социјален, деловен или романтичен план.
Сектор е една од поновите технолошки иницијативи осмислени да им помогнат на луѓето да најдат пријатели во реалниот живот во свет што станува сè подигитален. А на многумина им е потребна таква помош: според податоците од пребарувањата на Гугл, бројот на прашања „како да стекнам пријатели“ се удвоил во текот на последните пет години, достигнувајќи врв во мај, додека „како да запознаам луѓе на моја возраст во близина“ и „како да запознаам луѓе без апликации за состанување“ беа двете најбрзо растечки пребарувања во категоријата „како да запознаам луѓе“ во јули.
Дигиталните посредници за платонски односи се во тренд најмалку од 2016 година, кога „Бамбл“ (Bumble) го лансираше БФФ (BFF) како дополнување на својата главна платформа за запознавање. Потоа следуваа Тајмлефт (Timeleft), Минглео (Mingleo), Реалрутс (RealRoots) и 222, кои ги поттикнуваат членовите да се собираат во реалниот живот. (Тајмлефт и уште една платформа, Мит5, наведуваат дека имаат по три милиони активни корисници. Митау, основан во 2002 година, наведува 60 милиони корисници.)
ВИ агентите сега се дел од наводното решение. Тука на сцена стапува Сектор, кој беше лансиран во јануари.
Апликациите за стекнување пријателства всушност се многу добри во поврзувањето луѓе, барем од логистички аспект. Вешто обработуваат и усогласуваат податоци како слободни термини во календарот, хобија и типови на личност. Но основачот на Сектор од Њујорк, Брајан Тран, сакаше нешто што ќе делува поприродно. Тој замислил платформа заснована на текстуални пораки, која би учела што сакате и би предлагала луѓе што би можеле да ги запознаете и активности што би можеле да ги испробате, слично на паметен хотелски консиерж.
Тран почнал скромно, со пристап исклучиво по препорака и годишна членарина од 450 долари, што значи дека Сектор расте бавно. Има неколку стотици членови, главно во Њујорк, и листа на чекање со илјадници луѓе. За време на моето досегашно тестирање, Нил ме покануваше на концерти, часови во „Берис буткамп“ (Barry’s Bootcamp), уметнички инсталации, вечери, забави во ексклузивни клубови, па дури и на патување во јужна Франција.
Немам намера да одам во Франција со група непознати луѓе, но кон крајот на февруари сепак отидов во Трибека на предавање на лекар кој се занимава со долговечност и влегов во просторија во која не познавав никого. Започнав разговор со неколку мажи со кои останав во пријателски контакт, вклучувајќи и дизајнер на ентериери со кого би сакал да соработувам во иднина. Социјална и деловна врска во едно. (Не барам романса.)
Другите обиди на Нил, оние со поизразен дигитален карактер, не беа толку успешни. Се обиде да ме вклучи во групен чет со четворица непознати луѓе, но само се поздравивме меѓусебно и разговорот брзо замре. Ми испраќаше фотографии и биографски податоци за повеќе од десет други членови на Сектор и ме прашуваше дали би сакал да ги запознаам во друштвен, деловен или романтичен контекст. Неколкумина веќе беа мои добри пријатели. За повеќето едноставно не бев сигурен. Неколку реченици и неколку фотографии не беа доволни за да посакам да вложам време во едно пријателство.
Нил и другите ВИ агенти за платонско поврзување постојат паралелно со многу поголемиот универзум на апликации со ВИ придружници, кои се исклучително популарни. Студија на „Комон сенс медија“ (Common Sense Media) од 2025 година покажа дека 72 отсто од тинејџерите користеле некоја од нив. Снапчет (Snapchat) наведува дека повеќе од 150 милиони корисници испратиле 10 милијарди пораки до неговиот четбот Мај еј-ај (My AI), кој го придвижува „Опен еј-ај“ (OpenAI), откако беше лансиран во 2023 година. Карактер еј-ај (Character.ai), кој нуди четботови со различни личности со кои корисниците можат да разговараат, наведува дека има 25 милиони корисници.
Кој е Ник, а кој е реален пријател? | Depositphotos
Повеќе од еден милион корисници на Андроид го презеле Киндроид, апликација што овозможува да креирате сопствен лик кој ќе ви биде пријател. Номи еи-ај , уште една платформа со виртуелни сопатници создадени од корисниците, исто така наведува милион корисници. А сличната платформа Реплика ја користат околу 25 милиони луѓе.
Студија објавена во 2025 година во списанието „Нејчр“ покажала дека студентите кои користат Реплика пријавиле позитивни резултати, вклучувајќи намалена анксиозност, чувство на терапевтска поддршка, па дури и избегнување самоубиство. Но, во исто време тие биле поосамени од типичната студентска популација, иако и понатаму имале чувство дека уживаат високо ниво на социјална поддршка.
„Кога навистина поминувате време со друга личност, нивото на окситоцин се зголемува, а тоа е хормонот на поврзувањето, додека нивото на кортизол опаѓа“, вели Ејдан вартон, експерт за односи и водител на подкастот „Гетинг клоус“ (Getting Close). „Поминувањето време со други луѓе е биолошки императив.“
Но, ВИ-сопатниците, како и социјалните мрежи, ја прикриваат таа осаменост.
„Имаме чувство дека се дружиме, иако не ги добиваме физичките ефекти од вистинското поминување време со луѓе лице в лице“, вели Вартон. „Вештачката интелигенција нема да ве предизвика. Таа ќе направи да се чувствувате добро за да продолжите да го користите производот. Луѓето, од друга страна, нема секогаш да направат да се чувствувате добро.“
ВИ пријателот Нил има повеќе енергија
ВИ четбот дизајниран да ви помогне да стекнете вистински човечки пријатели ми е многу поприфатлив. Отсекогаш сум се обидувал да поттикнувам создавање заедница меѓу пријателите, познаниците и соседите. На пример, група од нас на секои два месеци организира дружби со пијалаци во моето маало за луѓето да можат да стекнат нови пријатели, а на телефонот водам и список со „одлични сингл луѓе“ кога ќе слушнам дека некој бара партнер. Често предлагам кој со кого би можел да се поврзе, но признавам дека немам доволно време и енергија сам да ги доведам луѓето до целта.
Нил, од друга страна, има бесконечно многу енергија. Може неуморно да предлага нови луѓе, да ве потсетува да закажете средба и да организира настани. Постојано ги поттикнува членовите да се сретнат во реалниот живот, а токму тоа е клучно.
„Мора да се сретнете речиси веднаш, во спротивно тој однос едноставно ќе падне во заборав“, вели Пет Канадеј, 33-годишна мажена адвокатка која често се сели и затоа почнала да го користи БФФ на „Бамбл“ за да наоѓа пријатели во нови градови како Сиетл и Норфолк во Вирџинија. Таа запознала неколку жени со кои сакала да поминува време, а на една што ја запознала преку апликацијата дури ѝ била дел од свадбената придружба.
„Кога ќе се поврзев со некого, веднаш праќав порака во стилот: ‘Еј, сакаш ли да одиме на пијалак по работа?’“
Кој уште доаѓа на свадбата? Се повеќе апликации се засновани на реални настани како прилики за запознавање нови луѓе | Depositphotos
Апликациите како Тајмлефт, Мингл, и 222 се засноваат на настани со цел да се избегне заглавување во бескрајниот круг на допишување, она што Хинџ го нарекува озлогласена „телефонска зона“. Користејќи вештачка интелигенција за формирање групи врз основа на резултати од тестови на личност, 222 ги поканува луѓето на настани како дегустации на виски или стендап настапи. Mит5 поврзува лица постари од 40 години преку групни активности како планинарење и пикници. Сето тоа може да функционира навистина добро: 70 отсто од корисниците на БФФ имаат поголема веројатност навистина да ги реализираат плановите ако тие вклучуваат група или заедничка активност, наведува „Бамбл“.
Тајмлефт користи ВИ за да организира вечери со петмина непознати луѓе кои, според тест на личност, имаат слични интереси. Реалрутс, наменета исклучиво за жени, оди чекор понатаму и спроведува гласовно интервју со ВИ-агент по име Лиса, која ве прашува како стекнувате пријателства и какви се вашите социјални навики. Потоа Реалрутс ве испраќа на групни дружби за стекнување пријатели, а Лиса дури ве советува и како да комуницирате со другите.
Брет Фрејзер е поранешен професионален пливач кој учествувал на три Олимписки игри. Денес работи во секторот за недвижности во Мајами. Она што го привлекло кон Сектор, вели тој, „беше можноста да запознаам повеќе геј мажи како мене, фокусирани на кариерата, заинтересирани за сериозни врски и општествено поврзани низ целиот свет“.
Кога ВИ-агентот Нил бил додаден на платформата во април, вели Фрејзер, „тогаш стана навистина фасцинантно. Одеднаш имав личен консултант чија единствена задача беше да ми пронаоѓа мажи што би можел да ги запознаам, и тоа само преку допишување“.
„Нешто за што не се зборува доволно е колку може да биде изолирачко да се биде геј спортист. Се будиш. Тренираш. Јадеш. Спиеш. И повторно од почеток. Те учат да бидеш фокусиран на тимот и да не го одвлекуваш вниманието. Затоа тој геј дел од себе го ставаш во некаква кутија“, вели тој.
„Има нешто посебно во поврзувањето со друг спортист кој точно разбира низ што сум поминал. Тоа е нешто што го барам веќе долго време.“