text size
Воените конфликти не се единствениот ризик за снабдувањето со енергенти на глобално ниво. Според извештајот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објавен минатата недела, екстремните временски услови се уште еден сериозен ризик за меѓународниот транспорт на нафта и природен гас. Тие имаат потенцијал да ја оштетат критичната инфраструктура, да ги нарушат клучните трговски рути и да ја загрозат енергетската безбедност, стои во извештајот.