text size
Европската Унија не можеше да прифати договор на климатските преговори на Обединетите нации што би значел дека светот отстапува од претходната заложба за постепено напуштање на фосилните горива, според главниот преговарач на ЕУ.
Вопке Хукстра, еврокомесарот за клима, за „Блумберг њуз“ (Bloomberg News) изјави дека неуспешните преговори на КОП31 во Анталија, Турција, покажале дека мултилатерализмот е „во крајно тешка состојба“ и дека ќе бидат потребни алтернативи надвор од процесот на ОН за да се постигне напредок во борбата против климатските промени.
На самитот не беше постигнат значаен договор меѓу речиси 200 земји учеснички, само неколку недели откако ОН за првпат предупредија дека светот се движи кон значително надминување на границата од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, утврдена како цел со Парискиот договор.
Прочитај повеќе
Македонија, климатски промени и продуктивност: Се е поврзано
Климатската адаптација на работните места повеќе не е само прашање на заштита на животната средина, туку и на заштита на здравјето на работниците и одржливоста на економијата.
18.11.2026
Кризно планирање: Дали треба да почнеме да создаваме резерви на храна и вода?
Од пандемиите и војните до климатските промени и сајбер-нападите, сѐ повеќе има причини поради кои владите ги поттикнуваат граѓаните да се подготват за можни кризни ситуации.
08.11.2026
Климатски промени: Колку македонските компании се подготвени за новата реалност
Климатските промени ќе нè натераат поинаку да го планираме целиот систем, вели во разговор за „Блумберг Адрија“ Александар Дединец, научен соработник во МАНУ за енергетика и животна средина.
04.11.2026
Суша на еден тропски остров може да ги поскапи вашите нови патики
Klimatski ekstremi i suša u Indoneziji ugrozili su riječni transport ugljena, stvarajući novu energetsku krizu koja prijeti povećanjem troškova proizvodnje i poremećajima u globalnim lancima opskrbe.
12.10.2026
Ел Нињо ги потресува индустриите, а најсилниот удар допрва се очекува
Ел Нињо им носи суша на едни региони, а поплави на други. Земјоделството и инфраструктурата се под притисок уште пред очекуваниот врв на феноменот.
11.10.2026
Хукстра рече дека мала група земји успеале да го саботираат процесот за решавање на тој проблем, мислејќи на земјите што произведуваат фосилни горива.
„Главната слабост на системот е јасна. Малцинството, колку и да е мало, може да го попречи целиот процес“, рече Хукстра. „Со ова се отстапи од основното објаснување зошто светот ја надминува температурната граница - од фактот дека согорувањето на фосилните горива е главната причина за затоплувањето на планетата.“
Хукстра рече дека турските домаќини на климатскиот самит или не можеле или не сакале повторно да ја потврдат историската заложба преземена во Дубаи пред три години за постепено напуштање на употребата на фосилни горива. Нивната употреба најмногу придонесува за климатските промени.
Тој, исто така, ја нарече „крајно загрижувачка“ заложбата што ја предложи претседателството на КОП31 за забрзана примена на зафаќањето и складирањето на јаглеродот. Станува збор за спорна технологија за која некои велат дека го одвлекува вниманието од приоритетот, а тоа е намалувањето на емисиите.