text size
Одборот на директори на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) соработува со надворешна консултантска фирма за да идентификува потенцијални замени за извршниот директор Џенсен Хуанг, по извештаите за повеќе вонбрачни афери, вклучително и една со жена за која, според извештаите, постои сомневање дека шпионирала за Кина, изјави упатен извор.
Одборот ја разгледува можноста за именување привремен директор додека трае потрагата по постојан наследник, според лице запознаено со ситуацијата, кое побарало да остане анонимно бидејќи информациите не се јавно достапни. Според други извори, директорите в средата одржале состанок на кој разговарале за судбината на Хуанг. „Волстрит журнал“ претходно објави дека одборот се подготвува да го смени Хуанг, повикувајќи се на неименувани лица запознаени со случајот. „Енвидија“ веднаш не одговори на барањето за коментар.
Одборот на директори на „Енвидија“ се соочува со криза околу наследувањето на раководната функција од неделата, кога Хуанг призна дека имал афера со Алис Хуанг, директорка за дата-центри во компанија која е еден од најголемите клиенти на „Енвидија“ во Југоисточна Азија. „Њујорк тајмс“ објави дека постои сомневање оти Алис Хуанг дејствува како агент во име на кинеската влада.
Прочитај повеќе
Хуанг на излезна врата од „Енвидија“, Маск сака да го вработи
Илон Маск изненади со јавна поддршка и порака дека би му било чест да го вработи. Дали Џенсен Хуанг наскоро ја напушта „Енвидија“?
пред 3 часа
Има ли наследник за Хуанг ако ја напушти „Енвидија“?
Додека управниот одбор ја истражува аферата со наводната кинеска шпионка, инвеститорите се соочуваат со едно големо прашање: кој би можел да го наследи човекот од кого зависи успехот на компанијата?
10.11.2026
Која е Алис Хуанг, жената во центарот на шпионскиот скандал во „Енвидија“?
Поранешна новинарка се најде во центарот на скандалот што може сериозно да го потресе технолошкиот свет. Каква е нејзината поврзаност со Џенсен Хуанг и што се крие зад нивните зделки?
10.11.2026
Секс, чипови и вештачка интелигенција: Како Кина дојде до тајните на „Енвидија“
Андреј Рупник, поранешен директор на СОВА појаснува дека „медената стапица е метод што често го користат руските и кинеските разузнавачи.“
10.11.2026
Што сѐ Конгресот треба да го распраша шефот на „Енвидија“
Американските законодавци ќе треба да утврдат за кого всушност лобирал Хуанг — за себе, за својата љубовница или за Кина?
09.11.2026
Скандал во „Енвидија“: Директорот Хуанг бил во љубовна афера со кинеска шпионка?
Афера, сомнежи за кинеска шпионажа и истрага што тресе една од најмоќните технолошки компании во светот...
09.11.2026
Кризата дополнително ескалира доцна во средата, кога „Њујорк тајмс“ објави дека Џенсен Хуанг имал врска и со Кимберли Пауел, потпретседателка на „Енвидија“ за здравствена заштита, повикувајќи се на неименувани лица кои работеле во компанијата. Пауел веднаш не одговори на барањето за коментар.
Обелоденувањето и извештаите што следуваа го ставиле одборот пред тешка одлука: да го смени основачот и единственото лице што некогаш раководело со „Енвидија“, отпуштајќи директор кој - барем до неодамна - уживаше широка почит и кај акционерите и кај клиентите и кој го надгледуваше растот на цената на акциите на компанијата за повеќе од 700.000 проценти.
Но, задржувањето на Џенсен Хуанг на функцијата веројатно би ја изложило „Енвидија“ на силен притисок и детална проверка од страна на законодавците, инвеститорите, клиентите и вработените, загрижени поради неговата врска со Алис Хуанг и прашањето дали таа ја довела во опасност деловната тајна на „Енвидија“ - како и поради неговата вонбрачна врска со лице кое директно му било подредено во компанијата.
Овие случувања, исто така, го ставаат во фокус недостигот од план за наследување на Хуанг во „Енвидија“ и дополнително покажуваат колку 63-годишниот извршен директор е неразделно поврзан со компанијата и нејзиниот успех. Неговото потенцијално заминување би имало последици далеку надвор од работењето на компанијата, и тоа не само затоа што „Енвидија“ е доминантниот производител на чипови што се во срцето на бумот на вештачката интелигенција.
Хуанг е исклучително вешт во склучувањето деловни договори и ги користеше огромните ресурси на компанијата за инвестирање во синџирот на снабдување со вештачка интелигенција и во различни стартап-компании. Тој е и еден од водечките промотори на самата револуција на вештачката интелигенција, при што ги минимизира стравувањата за ризиците по човештвото и ги истакнува придобивките од неа.
Акциите на компанијата паднаа за 7 проценти во раното тргување во четвртокот.
Алис Хуанг беше директорка во „Мегаспид“ (Megaspeed International), компанија со седиште во Сингапур, која настанала со издвојување од позната кинеска компанија за видеоигри. Таа компанија со месеци е предмет на американска истрага поврзана со можно шверцување чипови, објави „Блумберг“. „Мегаспид“ и „Енвидија“ негирале каква било незаконска активност, а Пекинг ги отфрли обвинувањата дека го шпионирал Џенсен Хуанг.