text size
Евтин лет за викенд со друштвото, скапа мастер-програма со надеж за напредување во кариерата и секако подобра плата, рок за упис на факултет што истекува, но и желби за купување миленик или пак за разубавување (естетски потфати) ова се само дел од причините на младите за барање кредити или брзи пари. За „Блумберг Адрија“ тие откриваат дека парите им биле потребни во одреден момент, а нивната идеја била дека ќе успеат долгот да го вратат со земање на следната плата или со финансиска поткрепа од страна на родителите.