text size
Продолжува дебатата за реформата на пензискиот систем во земјава. Според домашни и странски експерти, најважно е реформата да ги опфати двата столба затоа што само на тој начин може да се гарантира стабилноста на идните пензии, а не само на сегашните.
Пензискиот систем е и еден од главните „виновници“ за буџетскиот минус и растечкиот јавен долг, а бројките покажуваат дека Македонија е единствена во регионот со зголемен каматен товар за долгот.
Дали и пазарот за недвижности станува товар? Има знаци што укажуваат дека станбениот пазар во Скопје веќе лебди во шпекулативен меур. Проверивме и колку паѓа цената на станот кога пред прозорецот ќе „никне“ нова зграда.
Анализиравме како македонските банки прават планови да „ловат“ измамници со вештачка интелигенција, како милионерите од Македонија и регионот ги оплодуваат парите, а проверивме и кои се помалку познатите милијардери и милијардерки од соседството. Ви понудивме и лекција за инвестирање без почетен капитал.
Прочитајте повеќе:
Шпанија е економската ѕвезда на Европа, зошто ѝ претстои политички пресврт?
Банките од Централна и Источна Европа го победија пазарот во изминатава година
Во светот и натаму вест број еден е „Енвидија“. Џенсен Хуанг со овации се врати на лидерската позиција во компанијата само десетина дена откако даде отказ. За неговото враќање се заложил и американскиот претседател Доналд Трамп, а топ менаџментот на компанијата не знаел.
По враќањето, Хуанг се извини, соопшти дека посетува психотерапевт и вети дека сега ќе биде подобар директор. Берзите збеснаа, а прашањата што остануваат неодговорени се: зошто Џенсен Хуанг и „Енвидија“ се толку важни за берзите, зошто Џенсен Хуанг е преголем за да пропадне, кој одлучува во „Енвидија“ и како ова стана прашање од национална безбедност за САД.
„Антропик“ во деновите на берзанскиот бум по враќањето на Хуанг не ќари, а според аналитичарите проблемот на компанијата е тоа што нејзините седум основачи веруваат дека го спасуваат светот.
Прочитајте повеќе:
Пропаста на империјата на Орбан: апсења, обвиненија и закопани милиони
Политиката како втора кариера: Колку вреди славното име?
Неделава стигнаа најави дека Трамп повторно ќе го крева царинскиот ѕид за Кина, ЕУ и уште десетина земји, но новите царини ќе бидат потаргетирани. На овој начин, со закана за царини од 40 отсто за Кина, Трамп сака да го задржи притисокот врз Шји додека Европа се наоѓа меѓу соработка и технолошки судир со Кина.
Европските лидери останаа цврсто на своите позиции во спорот околу буџетот и ги прекинаа разговорите, политичкото пазарење за прв човек на ЕЦБ заврши, во следниот период на економска неизвесност, Шпанец ќе го преземе кормилото.
Трамп најави дека би ја продолжил војната со Иран во 2027 година доколку преговорите не успеат. Тоа значи дека проблемот со снабдувањето со енергенти ќе продолжи, а освен војните на него влијаат и климатските промени.