text size
Корисникот на Редит под називот Outrageous-Voice1459 заработи многу пари во понеделникот.
Трговецот оствари добивка од 376.900 долари од купени call опции на „Енвидија“ во вредност од 19.000 долари, кои ги купил во петокот. Но, добивката на Outrageous-Voice1459 е незначителна во споредба со онаа на институционалните трговци кои се позиционираа за закрепнување на акциите на технолошкиот гигант за производство на чипови, дури и додека цената на акцијата продолжуваше да паѓа.
Откако акциите паднаа за 39 отсто во текот на овој месец, заклучно со петокот, некои трговци со опции ги преместија своите биковски позиции кон пониски извршни цени, плаќајќи премија за можноста побрзо да остварат профит при закрепнување на акциите. Други купија десетици илјади call опции и комбинации од call опции (call spreads), обложувајќи се на повисоки цени до почетокот на следната година. Трети, пак, продаваа put опции, подготвени да купат акции во случај на дополнителен пад на акциите на „Енвидија“.
Прочитај повеќе
Еуфоријата околу Хуанг кратко траеше, технолошките акции повторно паѓаат
Инвеститорите повторно ги напуштаат технолошките акции, сомнежите за бумот на вештачката интелигенција растат, а берзите се соочуваат со нов бран распродажби.
пред 1 час
Хуанг им се извини на вработените во „Енвидија“, посетува психотерапевт
Хуанг нагласил дека управниот одбор на компанијата ќе го смета за одговорен за неговите постапки и во иднина
пред 1 час
Национално богатство: Зошто Џенсен Хуанг е преголем за да пропадне
Џенсен Хуанг повторно е на чело на „Енвидија“, берзите силно растат, а пораката е недвосмислена: лицето на ерата на вештачката интелигенција стана незаменливо.
пред 14 часа
Доналд Трамп или управниот одбор - кој одлучува во „Енвидија“?
Американскиот претседател тврди дека лично интервенирал за враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција. Дали Белата куќа почна да одлучува за судбината на најмоќните американски компании?
пред 22 часа
Ролеркостер возење на акциите на „Енвидија“
Bloomberg
Големиот скок на акциите, откако „Енвидија“ во понеделникот наутро го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор, конечно им донесе добивка на трговците кои очекуваа закрепнување. Меѓу нив беше и купувачот на call опции со извршна цена од 160 долари и рок на истекување во јануари, купени во петокот, кој продаде половина од својата позиција за да обезбеди добивка од 23,8 милиони долари, додека акцијата скокна за 31 отсто, на 165,05 долари.
Помеѓу провокативните мемиња и сатиричните видеа генерирани со вештачка интелигенција на кои се појавува Хуанг од „Енвидија“, корисникот Outrageous-Voice1459 објави слики од својата брокерска сметка на подфорумот r/WallStreetBets, наведувајќи „заработив 10 пати повеќе од мојата годишна плата со една трансакција“. Деталите за извршувањето на трансакцијата се совпаѓаат со реална блок-трансакција извршена во истото време и по истата цена на електронска берза за тргување со опции.
„ПРОДАДОВ НА САМОТО ОТВОРАЊЕ. БЛАГОДАРАМ, ЏЕНСЕН“, напиша корисникот на Редит.
Друга наводна трансакција предизвика реакции на социјалните мрежи поради сомнително добро избраниот момент за нејзино извршување - наводно, блок од call опции со извршна цена од 160 долари и рок на истекување во понеделникот бил продаден со огромна добивка. Но анализата на евиденцијата за тргување со опции од тој ден не покажува никаква трага од таква трансакција.
„Изгледа дека нема потврда дека оваа трансакција навистина се случила“, рече Даниел Рус, соосновач на фирмата за истражување на пазарот на опции „Волсигналс“ (VolSignals). „Дури и да се случила, овој тип на тек на налози е сосема вообичаен во екстремни пазарни услови, кога индексот или акциите со голем интерес за тргување се движат на ваков начин.“
Исто како што институционалните трговци почнаа да се позиционираат за закрепнување додека цената на акциите паѓаше, по скокот на акциите во понеделникот беа направени и неколку големи облози со цел да се заштитат од нов пад.