text size
Џенсен Хуанг употреби помирлив тон еден ден откако беше вратен на функцијата главен извршен директор на „Енвидија“, извинувајќи им се на вработените за време на состанок со целиот персонал и откривајќи дека секојдневно посетува психотерапија за да се справи со однесувањето што доведе до неговото краткотрајно отстранување од врвната позиција.
Во своето обраќање во вторникот, според лица запознаени со настанот, Хуанг инсистирал дека не е вратен на функцијата затоа што е „технолошки брат“ кој е над законот. Тој нагласил дека управниот одбор на компанијата ќе го смета за одговорен за неговите постапки и во иднина, рекле изворите, кои побарале да останат анонимни бидејќи станува збор за приватен интерен состанок.
Говорејќи во седиштето на компанијата во Санта Клара, Калифорнија, Хуанг им кажал на вработените дека ги разочарал и дека тоа е „најтешкиот состанок во компанијата“ што некогаш го одржал. Тој признал дека го прекршил кодексот на однесување на „Енвидија“ и рекол дека е благодарен што добил втора шанса да ја води компанијата што ја коосновал пред три децении.
Прочитај повеќе
Национално богатство: Зошто Џенсен Хуанг е преголем за да пропадне
Џенсен Хуанг повторно е на чело на „Енвидија“, берзите силно растат, а пораката е недвосмислена: лицето на ерата на вештачката интелигенција стана незаменливо.
пред 12 часа
Доналд Трамп или управниот одбор - кој одлучува во „Енвидија“?
Американскиот претседател тврди дека лично интервенирал за враќањето на Џенсен Хуанг на директорската функција. Дали Белата куќа почна да одлучува за судбината на најмоќните американски компании?
пред 21 час
Средовечни мажи и кожени јакни: Како Џенсен Хуанг го заживеа бунтовничкиот тренд?
Дали Џенсен Хуанг ја уништи репутацијата на кожената јакна или, напротив, ѝ даде нова популарност?
пред 22 часа
Зошто Џенсен Хуанг и „Енвидија“ се толку важни за берзите?
Зошто и како судбината на еден директор може да влијае врз целиот финансиски пазар?
пред 23 часа
Сепак, потешкиот разговор бил со неговата сопруга, рекол тој, според присутните.
Коосновачот на најголемиот светски производител на чипови им се обратил на вработените помалку од една недела откако сличен состанок бил одржан без негово присуство, додека компанијата во тој момент се подготвувала да најде негов наследник. Хуанг штотуку бил принуден да се повлече од функцијата извршен директор по откритијата дека имал афера со подредена вработена и друга со наводна кинеска шпионка.
Хуанг беше вратен на функцијата од страна на управниот одбор на „Енвидија“ во понеделникот, во драматичен пресврт, откако претседателот на САД, Доналд Трамп, интервенирал во негова полза. Хуанг изјавил дека членовите на одборот не го вратиле затоа што највисоките државни структури го побарале тоа. Управниот одбор ги разгледал фактите и бил уверен дека нема закана за националната безбедност, им рекол тој на присутните.
„Трамп ја сака ‘Енвидија’ “, рекол Хуанг, според присутните. „Тој е мојот претседател“, додал. „Во служба сум на тоа нашиот претседател, односно нашата земја, да биде успешна.“ Тој додал дека „Енвидија“ е политички неутрална компанија и дека ќе постапува исто и со кој било иден претседател.
Непосредно пред Хуанг да им се обрати на вработените, американскиот јавен обвинител им изјавил на новинарите во Вашингтон дека „Енвидија“ е „добар корпоративен граѓанин“, но одбил да одговори на прашања дали Министерството за правда ги испитува околностите што довеле до привременото заминување на Хуанг од директорската функција.
„Очигледно, доколку ‘Енвидија’ беше предмет на кривична истрага или ја попречуваше нашата истрага, тогаш тоа не би била пораката што претседателот им ја испраќа на американските граѓани“, рекол Бланш.
Одлуката на Трамп да се вмеша во внатрешните работи на компанијата предизвикала критики во Вашингтон од законодавци од двете партии. Републиканскиот сенатор Дејв Мекромик во интервју за ТВ Блумберг предупреди дека претседателската интервенција може да создаде „опасен преседан“ во корпоративното управување.
Ненадејното враќање на Хуанг од страна на управниот одбор во понеделникот ги изненади повеќето високи директори на „Енвидија“, кои на настанот минатата недела настапиле со уверување дека компанијата може успешно да функционира и без него.
На состанокот со вработените, Хуанг ѝ се заблагодари на финансиската директорка Колет Крес што ја водела компанијата во речиси двонеделниот период додека тој не бил извршен директор.
Според присутните, Хуанг изјавил дека не е приврзаник на традиционалното планирање на наследување на раководното место. Не сака извршните директори да се натпреваруваат за да се позиционираат за врвната функција. Наместо тоа, сака раководниот тим да остане на исто ниво и да биде фокусиран на своите области на експертиза.
Видеа споделени од вработени во понеделникот покажаа како Хуанг се враќа во седиштето на компанијата пречекан со аплауз и овации. Во краткото обраќање во едно од влезните лобија, им порачал на вработените дека „ќе работи подобро“.
По растот од речиси 31 отсто на денот на неговото враќање, акциите на компанијата паднаа за речиси 6 отсто во тргувањето во вторникот. Пазарната вредност на компанијата е намалена за речиси 2 билиони долари во однос на врвот достигнат во октомври.
На состанокот во вторникот, Хуанг не одговарал на прашања од вработените, велат изворите.