text size
Азиските акции забележаа најголем раст од јули, откако враќањето на Џенсен Хуанг на чело на „Енвидија“ (Nvidia Corp.) поттикна закрепнување на акциите поврзани со вештачката интелигенција. Акциите на големите производители на чипови во регионот нагло пораснаа по остриот пад минатата недела.
Индексот MSCI Asia Pacific порасна за 3,8 отсто, со што ја прекина осумдневната низа загуби што го доближи до територијата на мечкин пазар. Сепак, неизвесно беше дали растот ќе се одржи, бидејќи фјучерсите на американските берзански индекси се движеа меѓу мали добивки и загуби. Фјучерсите укажуваа на благ пад на европските акции при отворањето на тргувањето.
Тајван се издвои во Азија, со скок од 9,1 отсто на главниот берзански индекс. Цените на 1.050 акции пораснаа, а на околу 20 се намалија. Акциите на „ТСМЦ“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Co.) скокнаа за 9,9 отсто. Пораснаа и акциите на добавувачите на „Енвидија“ во Јапонија, додека акциите на двата големи јужнокорејски производители на чипови, „Самсунг електроникс“ (Samsung Electronics Co.) и „СК хајникс“ (SK Hynix Inc.), скокнаа за повеќе од 8 отсто.
Прочитај повеќе
Трамп притискал Хуанг да се врати во „Енвидија“, топ менаџментот не е консултиран
Планот за враќање на Хуанг – објавен непосредно пред отворањето на берзите во Њујорк во понеделникот – бил договорен за само неколку часа денот претходно.
пред 11 час
Цел ВИ сектор расте по веста за враќањето на Хуанг во “Енвидија“, а „Антропик“ паѓа
„Антропик“ и неговиот конкурент „Опен еј-ај“ (OpenAI) се соочуваат со зголемено внимание од страна на јавноста во врска со безбедноста на вештачката интелигенција по низа хакерски инциденти со висок профил.
пред 14 часа
Џенсен Хуанг се враќа на чело на „Енвидија“, пазарите збеснаа
Одборот на директори на компанијата „Енвидија“ повторно го назначи Џенсен Хуанг за претседател и главен извршен директор.
пред 15 часа
S&P 500 на 5.600 поени? Уништувањето на кинеските амбиции во ВИ има своја цена
САД ги заоструваат ограничувањата за пристапот на Кина до американски чипови за ВИ, поради што производителите на чипови би можеле да загубат значителен дел од приходите.
пред 18 часа
Скандалот со „Енвидија“ отвора можности за индиските играчи во ВИ-секторот
Со години релативно слаб играч во глобалната трка за вештачка интелигенција, Индија сега гледа можност во геополитичките превирања што ја потресуваат индустријата.
20.11.2026
Растот на акциите во Азија, каде што компаниите од секторот за чипови се сметаат за снабдувачи со клучната опрема за развојот на ВИ, следуваше откако изненадувачкото враќање на Хуанг во „Енвидија“ му го донесе на Волстрит најдобриот ден од април 2025 година. Неговото враќање во компанијата што е во средиштето на подемот на ВИ ја врати довербата во технолошките акции. Неговото заминување претходно овој месец предизвика потреси во тргувањето со акциите поврзани со ВИ и отвори сомнежи дали идните добивки можат да го оправдаат наглиот раст на трошоците што индустријата ги финансира со задолжување.
„Враќањето на Џенсен во „Енвидија“ на функцијата главен извршен директор е важно за да се врати довербата на пазарите и во поширокиот екосистем на ВИ“, изјави Феликс Ванг, извршен директор за глобална технологија во „Хеџај риск менаџмент“ (Hedgeye Risk Management). „Зборот на Џенсен има неспоредлива тежина кога станува збор за ВИ. Со неговото враќање на чело на компанијата, глобалниот пазар на сервери би можел да добие поттик.“
Bloomberg
На другите пазари, нафтата „Брент“ поевтини за 0,8 отсто, на околу 88,70 долари за барел. Цените на американските државни обврзници благо пораснаа по целата крива на принос додека нафтата поевтинуваше. Златото го задржа растот од претходната сесија и се тргуваше по околу 3.640 долари за унца.
Растот на акциите на светските пазари во понеделникот означи драматичен пресврт откако S&P 500 и Dow Jones Industrial Average во петокот влегоа во зона на корекција, што значи пад од најмалку 10 отсто од нивното неодамнешно највисоко ниво. S&P 500 ја прекина седумдневната низа загуби. Nasdaq 100 се оддалечи од прагот на мечкин пазар, додека акциите на „Енвидија“ забележаа најголем скок од 2003 година.
Што велат стратезите на „Блумберг“ (Bloomberg)...
„Еуфоријата што се шири на пазарите на акции може да биде краткотрајна, со оглед на тоа што приносите на државните обврзници постепено се намалуваат, а поевтинува и бакарот, и покрај растот на акциите поттикнат од олеснувањето по враќањето на Џенсен Хуанг. Од тоа произлегува дека светската економија веројатно ќе забави, што ги намалува изгледите за целосно враќање на оптимизмот околу подемот на ВИ.“
Гарфилд Рејнолдс, раководител на тимот на MLive.
За инвеститорите што се обложија на пад на акциите на „Енвидија“, силниот раст во понеделникот го претвори дотогаш профитабилниот облог во извор на огромни загуби.
Додека акциите на „Енвидија“ нагло растеа, GraniteShares 2x Short NVDA Daily ETF (со берзанска ознака NVD) падна за 63 отсто. Фондот има цел да оствари дневен принос двојно поголем по обем и со спротивен знак од дневниот принос на акциите на производителот на чипови.
„Инвеститорите се порасположени“, изјави Фредерик Нојман, главен економист за Азија во „ХСБЦ“ (HSBC Holdings Plc). „Сепак, над секторот за ВИ сè уште има облаци. Иако раководењето на Џенсен со „Енвидија“ може да ги намали краткорочните ризици за перспективите на компанијата, во САД и натаму има поширока регулаторна неизвесност околу изградбата на центри за податоци и трансферот на технологии.“
Враќањето на Хуанг е важен „настан што расчистува дел од неизвесноста“, но ризиците и натаму постојат, изјави Дејв Маца, главен извршен директор на „Раундхил инвестментс“ (Roundhill Investments).
Останува уште многу да се реши во врска со усогласеноста на „Енвидија“ со прописите и појавувањето на Хуанг пред законодавците. Маца рече дека овие ризици може да се наречат новото ЕСГ на ВИ.
„Пазарите ќе се вратат на земја во следните неколку дена“, изјави за „Блумберг ТВ“ (Bloomberg Television) Пејзли Нардини, раководителка на инвестициската стратегија во „Тема ЕТФ“ (Tema ETFs). Таа рече дека постоела загриженост за кружното финансирање и дека „всушност, ништо не се променило“.
Податоците од САД оваа недела ќе помогнат да се оформат очекувањата за декемврискиот состанок на Фед. Во вторник се очекуваат податоците за довербата на потрошувачите, а во среда ќе бидат објавени претпочитаниот показател на централната банка за инфлацијата, податоците за потрошувачката на домаќинствата и ревидираните податоци за растот во третиот квартал.
„Пазарите на акции го слават отстранувањето на голем извор на неизвесност, додека цените на обврзниците и натаму одразуваат многу посложени макроекономски изгледи“, изјави Чару Чанана, главна инвестициска аналитичарка во „Саксо маркетс“ (Saxo Markets).