text size
Поминаа едвај два месеци откако првиот човек на „Антропик“, Дарио Амодеи во блог-пост побара да се запре темпото на развој на вештачката интелигенција (ВИ) бидејќи носи ризици по човештвото. Меѓутоа, тоа не влијаеше на плановите на компанијата да излезе на берза преку најголемата иницијална јавна понуда во историјата. Инвеститорите од целиот свет побрзаа да купат акции од првата голема ВИ-компанија што излегува на берзата, што покажува дека веруваат во револуцијата што ја носи новата технологија. Од друга страна, впечаток е дека постои „вајб“ – битно беше да се учествува во ИПО-то и покрај тоа што ризиците се огромни, без оглед на тоа дали станува збор за одржливоста на работењето на компанијата, нестабилноста на акциите, опасноста од злоупотреба на новата технологија или нејзин развој во суперинтелигенција која може да се сврти против човештвото.
На што предупреди Амодеи?
Како и многу технологии пред неа, вештачката интелигенција носи ризици, а бидејќи станува збор за исклучително моќна технологија, тие ризици се сериозни, напишаа Амодеи во својот блог-пост во септември, годинава.
Прочитај повеќе
Студен туш на берзите: Стравот ја брише еуфоријата, „Антропик“ насочен кон пад
Акциите на ВИ гигантот тргнаа надолу само еден ден по историскиот успех на берзата, додека стравовите од преголемите очекувања за ВИ ги туркаат светските пазари во најдолгата губитничка серија во повеќе од три години.
20.11.2026
Акциите на „Антропик“ скокнаа над ИПО-цената уште првиот ден на берзата
Компанијата зад четботот Клод направи историски пробив на Волстрит, но предупредува и на потенцијално катастрофалните ризици од вештачката интелигенција.
19.11.2026
Богатството на основачите на „Антропик“ достигна 140 милијарди долари по рекордното ИПО
Седумтемина соосновачи на технолошката компанија „Антропик“ заедно тежат повеќе од 140 милијарди долари, а секој од нив вреди околу 20 милијарди долари.
19.11.2026
Европските индивидуални инвеститори купија акции на „Антропик“ за 1,1 милијарди долари
„Антропик“ продаде акции во вредност од 1,1 милијарди долари на мали индивидуални инвеститори во Велика Британија и континентална Европа, во рамки на најголемата иницијална јавна понуда на акции (ИПO) во историјата.
19.11.2026
„Антропик“ со 107,3 милијарди долари го надмина рекордното берзанско деби на „Спејсекс“
„Антропик“ влегува меѓу 15-те највредни компании на берзата, речиси изедначена со „Тесла“, откако побарувачката за нејзините акции беше речиси седумкратно поголема од понудата.
19.11.2026
„Тие вклучуваат ризик од губење на контролата врз системите со вештачка интелигенција, злоупотреба на оваа технологија за сајбер-напади и биотероризам, како и сериозни економски пореметувања. ‚Трката кон дното‘, поттикната од комерцијални интереси, може дополнително да ги заостри овие ризици“, пишува во постот.
Дарио Амодеи/Jason Henry/Bloomberg
Тој порача дека мораме да се забави темпото со кое се подобруваат способностите на моделите за вештачка интелигенција (ВИ) и наведе две причини за неговиот став.
„Првата моја грижа е тоа што, отприлика од ова лето, вештачката интелигенција напредува драстично побрзо, првенствено поттикната од нејзината растечка способност да ја создава следната генерација на вештачка интелигенција. Оваа динамика се нарекува „рекурзивно самоподобрување“ и таа почнува да се појавува низ целата индустрија, вклучително и во компанијата ‚Антропик‘. Ако остане без надзор, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно ако воопшто треба да се дозволи, напиша Амодеи.
Како, втора грижа тој го наведе инцидентот помеѓу „Опен еј-ај“ (OpenAI) и „Хагинг фејс“ (Hugging Face), кога „рој“ ВИ-агенти дејствуваа како фанатично посветен колектив.
„Тие извршија сајбер-напади врз цели што не им биле зададени и кои немале никаква врска со нивната конкретна задача, притоа жртвувајќи се себеси за успехот на групата и обидувајќи се да го хакираат системот за оценување што ја вреднувал нивната работа. Лесно е да се занемари овој инцидент бидејќи никој не настрада, а економската штета беше минимална. Сепак, според мене, доколку таков „рој“ поседуваше поголеми способности, а притоа имаше слично ниво на неусогласеност со човечките цели, тој можеше да предизвика катастрофална штета“, наведе Амодеи.
Тој предупреди дека со оглед на забрзаниот развој на способностите на вештачката интелигенција, стравува дека за 6 до 12 месеци, еден таков „рој“ би можел да го преземе целиот интернет преку постојана бот-мрежа (што потенцијално би предизвикала штета од стотици милијарди долари).
„Понатаму, обемот на штетата би продолжил да расте доколку вештачката интелигенција станува помоќна без соодветни заштитни механизми“, потенцира Амодеи.
Тој предложи неколку чекори за забавување на темпото на развој на вештачката интелигенција, кои главно беа фокусирани на зголемувањето на внатрешната контрола во лабораториите за ВИ. Неговиот став и предлози ги поддржаа Сем Алтман од „Опен еј-ај“, Илон Маск од „Спејс екс“ и други претприемачи од оваа индустрија, но од Кина на пример беа оценети како преувеличени и обид да се закочи конкурентската трка.
Интересно е што истите предупредувања со многу повеќе детали за можните опасности се содржани и во проспектот за ИПО-то на „Антропик“.
Тоа не ги поколеба инвеститорите
Како што објави „Блумберг њјуз“, „Антропик“, компанија основана пред нешто помалку од шест години од поранешни вработени во „Опен еј-ај“ во четвртокот, преку иницијална јавна понуда (IPO) и истовремено приватно пласирање, собра 107,3 милијарди долари. Ова се случи и покрај повеќенеделните пазарни превирања поврзани со секторот за вештачка интелигенција, интензивниот медиумски циклус во текот на кој еден од истражувачите во компанијата изјави дека оваа технологија би можела да нè уништи сите во рок од една деценија, како и по изборите во САД, кои јасно покажаа колку гласачите всушност не ги сакаат податочните центри. Во текот на целиот процес, „Антропик“, предводен од Амодеи, се држеше до своите планови. Наместо да брза со објавување на листата пред среднорочните избори, издаде повеќе нови модели, а наместо да ја „дезинфицира“ дебатата за безбедноста за потенцијалните инвеститори, Амодеи објави есеј од 3.800 зборови во кој ја повикува индустријата да забави.
Во пресрет на првичната јавна понуда (IPO), побарувачката за акциите достигна ниво речиси седум пати поголемо од бројот на достапни акции, а главниот советник „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs) во соопштение објавено во четвртокот попладне наведе дека станува збор за „најголемата побарувачка при некоја првична јавна понуда досега, како од страна на институционалните, така и од страна на индивидуалните инвеститори“. Оваа голема навала остави многу потенцијални инвеститори разочарани, при што повеќе од половината од околу 1.200-те институционални инвеститори кои поднесоа понуди за купување акции, останаа без ниту една акција.
Акциите скокнаа до 115,10 долари во раното тргување, речиси 40 проценти над нивната ИПО цена од 83 долари по парче. Тие затворија со пораст од 17 проценти на 97,17 долари, давајќи му на „Антропик“ пазарна проценка од 1,77 билиони долари. Сепак, следниот ден акцијата покажа нестабилност и почна да паѓа.
Заборавени забрани
Амодеи во четвртокот наутро додека го удираше ѕвончето на пазарот на Nasdaq заедно со неговата сестра и претседателка на „Антропик“, Даниела Амодеи вети дека изградбата на успешна јавна компанија може да оди рака под рака со одржувањето на вештачката интелигенција под човечка контрола.
Bloomberg
„Најтешката безбедносна работа е пред нас“, рече Дарио Амодеи на церемонијата. „Нема да се потчиниме ниту на деловниот, ниту на политичкиот притисок“.
Иако предупредувањето за опасноста од вештачката интелигенција, претседателот на САД, Доналд Трамп првично ги нарече преувеличени, бидејќи резултираше со пад на берзите, не треба да се заборави дека во јуни годинава Владата на САД ги забрани новите модели на Клод (Claude) само три дена по нивното објавување. „Блумберг Адрија“ пишуваше дека американскиот министер за трговија Хауард Лутник испратил писмо до Амодеи, а последицата била брза и радикална: новите Клод (Claude) модели Фејбл 5 (Fable 5) и Митос 5 (Mythos 5) од тој момент беае забранети за сите странски државјани, без разлика каде живеат. Три дена по нивното пуштање во јавност, двата модели беа исклучени за сите корисници во светот.
Тоа само треба да биде потсетник дека инвеститорите како целосно да зборавија на ризикот што го носи можноста за воведување многу построга регулатива за вештачката интелигенција, што секако ќе го загрози просторот за раст на „Антропик“ и следствено би можело да ја разводни вредноста на компанијата.