text size
Само да има субвенции - така би можеле да ја опишеме состојбата во земјоделството во последните дваесетина години. Често може да се слушне дека на земјоделците, откако ќе ги продадат своите производи, од заработката им останува само субвенцијата како своевидна „утешна награда“. Големите земјоделски компании во регионот, сепак, покажуваат дека земјоделството може да биде значително попрофитабилно. Тие остваруваат ЕБИТДА-маржи повисоки и од 20 проценти, продолжувајќи да инвестираат во модернизација и зголемување на продуктивноста, што наедно е еден од клучните предуслови за долгорочно одржливо и профитабилно земјоделство.