text size
Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3.3 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 отсто, соопшти државниот завод за статистика.
На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.
На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.
Прочитај повеќе
Високите цени на енергијата ја ставаат инфлацијата во фокусот на ЕЦБ
Пабло Хернандез Де Кос, кандидат за нов претседател на ЕЦБ, смета дека централните банки треба да ги зголемат каматните стапки само ако новите податоци покажат дека постојат ризици за стабилноста на цените.
07.11.2026
Инфлацијата во еврозоната сега е двојно повисока од целта на ЕЦБ
Дали следува ново зголемување на каматните стапки уште во декември и поскапо задолжување за граѓаните и компаниите?
04.11.2026
Шефот на Бундесбанк очекува ЕЦБ да ги зголеми каматите во декември
Изгледите за инфлацијата во еврозоната се влошија од септември. На состанокот во декември, ЕЦБ ќе ја заснова одлуката на новите економски прогнози до 2029 година.
03.11.2026
Инфлацијата во Швајцарија е највисока во речиси три години
Потрошувачките цени во Швајцарија во октомври пораснаа за 1,5 отсто на годишно ниво, најмногу во речиси три години, со што инфлацијата ги надмина прогнозите на сите економисти во анкетата на „Блумберг“.
03.11.2026
Трошоците за храна на годишно ниво бележат раст од 2,1 отсто. Највисок раст кај прехранбените производи бележат зеленчукот, месото и маслата. Најзабележително намалување има кај трошоците за овошје.
На месечно ниво статистиката измерила дека најголем раст има кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците. Најголемо намалување на трошоците има кај покуќнината, опремата за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата.
Инфлацијата во еврозоната е двојно повисока од целта на ЕЦБ
Инфлацијата забрза и во еврозоната и достигна двојно повисоко ниво од целта на Европската централна банка (ЕЦБ).
Потрошувачките цени во октомври пораснаа за 4 отсто во споредба со истиот период минатата година, во однос на 3,8 отсто во претходниот месец, соопшти во средата „Евростат“. Тоа е највисоко ниво од септември 2023 година и е во согласност со просечната процена во анкетата на „Блумберг“.
Базичната инфлација, која ги исклучува ставките како енергијата, што го поттикнаа најновиот бран ценовен притисок, остана на 2,5 отсто, како што беше очекувано, додека показателот за инфлацијата во услугите благо се зголеми на 3,3 отсто.