text size
Градежништвото со остварена нето-профитна маржа од 13,7 проценти во минатата година се најде на врвот на листата дејности рангирани според тоа колку чиста добивка им останува на компаниите. На второто место се дејностите поврзани со недвижен имот, стручни, научни, технички административни и помошни услужни дејности со остварена нето-профитна маржа во 2025 година од 12,6 проценти, а на третото место е дејноста информации и комуникации со остварена нето-профитна маржа од 11 проценти.