text size
На домашниот корпоративен сектор лани во просек му требале малку над три месеци за наплата на побарувањата, а пет месеци за исплата на краткорочните обврски, покажуваат податоците на Народната банка. Показателите за ликвидноста на секторот се на ниво на нивниот десетгодишен просек, но и натаму се под нивото што теоретски се смета за задоволително. Најранливи на ликвидносни шокови остануваат микросубјектите и субјектите од земјоделскиот сектор, што се согледува преку пониското ниво на моментна и тековна ликвидност и негативниот нето работен капитал, споредено со останатите субјекти и со просекот на секторот.