text size
Во Шенжен денеска треба да се одржи историската трилатералната средба на Доналд Трамп, Шји Џинпинг и Владимир Путин, прва од ваков вид меѓу тројцата лидери. Во пресрет на разговорите, Шји и Путин од самитот на АПЕК ги критикуваа трговските бариери. Шји предупреди дека протекционизмот се шири и повика на потесна соработка меѓу азиско-пацифичките економии. Путин, пак, ги обвини некогаш доминантните сили дека се обидуваат да ги забават конкурентите во подем и порача дека санкциите, царините и извозните ограничувања нема да го запрат нивниот развој. На другата страна на светот, „Антропик“ треба да дебитира на „Насдак“ со ИПО што би можело да го собори рекордот на „Спејсекс“. Побарувачката се проценува на речиси 450 милијарди долари, а со приватниот пласман и евентуалната продажба на дополнителни акции, „Антропик“ би можел да прибере над 100 милијарди долари.