Од полноќ ќе важат нови цени на нафтените деривати, при што бензините ќе поскапат за 1,5 и два денари по литар, а дизелот за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на РКЕ, цената на еуросупер БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 87,50 денари за литар, додека еуросупер БС-98 поскапува за два денари и ќе се продава по 90 денари за литар.
Малопродажната цена на евродизел се зголемува за 0,50 денари од полноќ ќе изнесува 87,50 денари за литар.
Прочитај повеќе
Од полноќ поевтинуваат бензините, дизелот поскапува
Нова промена на цените на горивата од полноќ: едни возачи ќе заштедат, други ќе плаќаат повеќе.
08.06.2026
Дизелот значително поевтин од полноќ
Литар дизел од полноќ ќе се продава по 89,50 денари, што е за четири денари помалку во споредба со минатата недела.
11.05.2026
Нов Зеланд го укинува данокот за бензин, ќе се плаќаат само патарини
Владата ќе го укине данокот и ќе го замени со надоместоци за корисниците на патиштата за сите лесни возила.
06.08.2025
Дизелот поскапе за 14,5 денари, бензините за пет
Литар дизел од ноќеска на полноќ ќе чини 85,5 денари и ќе биде поскап од литар еуросупер.
09.03.2026
Кај останатите деривати има намалување на цените. Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 поевтинува за 2,50 денари и ќе се продава по 86,50 денари за литар, додека цената на мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 денари за килограм и ќе изнесува 46,223 денари.
Од РКЕ велат дека во новата пресметка се вкалкулирани референтните износи на акцизите за еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 и евродизел, по истекот на Одлуката за изменување на Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период и начинот на пресметка на акцизата.
Во споредба со претходната пресметка, референтните цени на светскиот пазар бележат намалување во просек од 2,178 отсто кај бензините, 4,441 отсто кај дизелот, 5,099 отсто кај екстра лесното масло и 3,635 отсто кај мазутот.
Според РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 0,10 отсто во однос на одлуката од 8 јуни.
Регулаторната комисија потсетува дека станува збор за максимални цени и дека трговците на големо и мало можат да ги формираат цените и пониско од утврдените.