text size
Од ноќеска на полноќ бензините ќе поевтинат за пет денари за литар, а цената на дизелот нема да се менува, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката на РКЕ, извршено е намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,89 отсто во однос на сегашните цени.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 8,120 отсто, а кај дизелот има зголемување за 0,404 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3292 отсто“, соопшти РКЕ.
Прочитај повеќе
Нафтата се приближи до шестмесечен максимум од 117 долари, прогнозите не се розови
Цената на глобалниот репер брент се зголеми за повеќе од шест проценти оваа недела.
24.10.2026
Продавачите на гориво во САД предупредуваат на повисоки цени на пумпите
Американските продавачи на гориво предупредуваат дека бензинот и дизелот би можеле да поскапат ако операторите на нафтоводи добијат слобода поединечно да ги договараат транспортните надоместоци со клиентите.
21.10.2026
Високите цени на дизелот допрва ќе предизвикуваат главоболки во Македонија
Дизелот е клучен за индустријата, транспортот на стоки, земјоделството и градежништвото.
22.10.2026
Согласно одлуката, од утре Еуросупер 95 ќе чини 91,00 денар за литар, а Еуросупер 98 ќе се продава по 93,00 денари за литар. Цената на Еуродизел, според пресметките на РКЕ, изнесува 99,00 денари за литар.
Сепак, дизелот ќе се продава два денари поевтино од одлуката на РКЕ (97 денари за литар) затоа што и натаму е на сила мерката на нафтената компанија „Окта“ за попуст од две денари за литар дизел. Мерката почна да важи на 20 октомври, а истекува на 2 ноември 2026 година.
„Попустот ќе се применува на продажбата на дизел гориво што ОКТА го испорачува на трговците со горива на големо и мало. Учесниците на пазарот и понатаму самостојно ќе ги утврдуваат конечните малопродажни цени, во согласност со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови“, соопшти компанијата.
Освен попустот од „Окта“, во новите цени се применети и владините мерки за намален износ на ДДВ за Еуродизел во износ од 10 отсто и намален износ на акцизата од 4,00 денари за литар кај бензините и дизелот.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.10.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, соопшти РКЕ.