text size
Глобалните цени на дизелот вртоглаво растат во текот на 2026 година, поттикнати од ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток и меѓу Русија и Украина, што предизвика сериозен недостиг кај рафинериските капацитети и нарушување на логистичките синџири. Македонија не е исклучок од глобалните трендови и цената на овој вид гориво бележи континуиран пораст и кај нас. Според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која стапи на сила неделева малопродажната цена на дизелот се зголеми за 2 денари и сега изнесува 99 денари по литар. Со ова поскапување, дизелот повторно стана најскапото гориво на пумпите во земјата, надминувајќи ги цените на двата вида бензин (еуросупер БС-95 изнесува 96 ден/л, а еуросупер БС-98 изнесува 98,00 ден/л).