text size
Од полноќ за два денара поевтинуваат бензините, а дизелот поскапува за еден денар. Нова, повисока цена за половина денар ќе има и екстра-лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според ова, максималната малопродажна цена на еуросупер БС-95 ќе биде 91 денар за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 93 денари за литар. Цената на дизелот од полноќ ќе биде 99,5 денари за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство 98,5 денари за литар.
Новата малопродажна цена на дизелот е највисока од почетокот на војната меѓу САД и Иран на крајот од февруари годинава. Највисоката цена досега беше онаа што беше одредена од РКЕ на 7 април, од 98 денари. Од прекршувањето на примирјето, пак, и повторниот почеток на конфликтот на Блискиот Исток од крајот на јуни, цената на литар дизел на бензинските пумпи е покачена за речиси 25 отсто, поточно 24,38 отсто.
Прочитај повеќе
Ситуацијата со дизелот во Европа е напната, што нѐ очекува во Македонија?
Крајот на војната САД-Иран не се гледа, а ситуацијата со нафтата и горивата станува критична
24.07.2026
Топлотниот бран ја пресушува Рајна, расте ризикот за снабдувањето со гориво
Третиот топлотен бран во Европа го намали водостојот на Рајна до рекордно ниско ниво, што го ограничува товарниот транспорт, ги зголемува трошоците и го оптоварува снабдувањето со енергенти.
13.07.2026
Трамп вели дека започнуваат разговори со Иран откако откажа нов напад
„Тоа ќе беше најголемиот напад од Втората светска војна“, изјави Трамп.
03.08.2026
Нафтата ја враќа инфлацијата, ЕЦБ под притисок за нов потег
Пазарите сè повеќе очекуваат Европската централна банка да преземе нов чекор и повторно да ги зголеми каматните стапки.
31.07.2026
Раст на профитот на „Шел“ по бумот во трговијата со нафта и маржите за рафинирање
Прилагодената нето добивка се зголемила на 9,8 милијарди долари.
30.07.2026
Малопродажната цена на мазутот, инаку, се намалува за 1,680 ден./кг и ќе изнесува 46,419 денари.
Од РКЕ посочуваат дека во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2 ден./л кај бензините и намалениот износ на акцизата од 4 ден./л кај дизелот.
Како што веќе пишуваше „Блумберг Адрија“, низ Европа се зголемува напнатоста околу дизелот, бидејќи истовремено се совпаѓаат повеќе предизвици во снабдувањето, што предизвика рекордни маржи кај европските рафинерии и намалување на резервите.
Глобалните енергетски пазари беа потресени овој месец од новото разгорување на војната меѓу САД и Иран, иако цените на нафтените деривати се зголемија посилно од основната сурова нафта. Пазарот за дизел гориво е под притисок поради низа фактори, вклучувајќи ги прекините во Ормускиот Теснец, но и украинските напади врз руските рафинерии и забраната за извоз на дизел што ја воведе Москва.
„Вистинското тесно грло во нафтениот систем во моментов е рафинирањето, повеќе одошто самата сурова нафта. Епицентарот на кризата е пазарот на дизел, особено во Европа“, се наведува во анализата на „Морган Стенли“ што ја цитираше „Блумберг“.