text size
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 да се намалат за 7 денари по литар, а на еуродизелот за 5,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од полноќ, малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 86 денари за литар, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 88 денари/литар. Малопродажната цена на еуродизелот ќе изнесува 94,5 денари/литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 6,50 денари/литар и ќе изнесува 103,5 денари/литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, се намалува за 6,261 денари/килограм и ќе изнесува 49,312 денари/килограм.
Од РКЕ соопштија дека со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,51 проценти во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 02.11.2026 година.
Прочитај повеќе
Нафтата поскапува по силниот пад, трговците ги анализираат изгледите за војната со Иран
Суровата нафта брент поскапе додека трговците ги проценуваа последиците од остриот пад во средата, кога убедливата победа на демократите на американските избори на средина од мандатот ја турна цената на нафтата надолу за речиси девет отсто.
05.11.2026
Голем пад на цената на нафтата, трговците очекуваат „синиот бран“ да стави крај на војната
Глобалниот репер Брент падна на ниво од 93,22 долари за барел.
04.11.2026
Како реагираа пазарите на победата на демократите?
Инвеститорите ги проценуваат построгата контрола врз политиките на претседателот Доналд Трамп и ограничувањата со кои би се соочиле пратениците при преобликувањето на неговата агенда.
04.11.2026
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 12,34 проценти или за 136,65 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 6,78 проценти или за 98,3 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 7,83 проценти или за 110,85 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 13,81 проценти или за 92,65 $/тон“, наведуваат од РКЕ.
Оттаму додаваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 54,84 ден/$ и е за околу 0,52 проценти понизок од курсот на доларот (55,13 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
„Согласно одлуката за изменување на одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, применет е намален износ на акцизата од 2 ден/лит кај бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и намален износ на акцизата од 4 ден/лит кај еуродизелот“, соопшти РКЕ.
Исто така, во оваа одлука е применет намален износот на ДДВ за нафтениот дериват еуродизел во износ од 10 проценти, согласно владината одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка.