text size
Македонија и земјите од регионот се соочуваат со нов ризик од забрзување на инфлацијата откако САД и Иран ги интензивираа воените дејствија што предизвика повторен раст на цената на нафтата над границата од 100 долари за барел. Тоа е уште еден удар врз обидите на монетарните власти во земјава и во Европа да ја зауздаат инфлацијата до посакуваната граница од два проценти, иако тоа им оди тешко уште од почетокот на војната во Украина. Во изминативе години сведоци сме на континуирано зголемување на трошоците на животот односно поскапувањата на основните прехранбени производи. Нашата анализа покажа дека висината на поскапувањата се разликува во зависност од градовите и регионите, но и дека ако не дојде до мировен договор на Блискиот Исток на есен не очекува нов силен инфлаторен удар.