text size
Возачите од полноќ ќе плаќаат пониски цени за горивата. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 5,81 отсто.
Најголемо е намалувањето кај дизелот, кој поевтинува за осум денари за литар и од 00:01 часот на 11 август ќе се продава по 91,50 денари. Цените на двата бензина се намалуваат за по четири денари, па еуросупер БС-95 ќе чини 87 денари за литар, а еуросупер БС-98 ќе се продава по 89 денари.
Поевтинува и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), и тоа за шест денари за литар, со што новата цена изнесува 92,50 денари. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 денара за килограм и ќе изнесува 43,538 денари.
Прочитај повеќе
Нафтата продолжува да расте бидејќи нема договор меѓу Оман и Иран за Ормуз
Брентот се тргуваше над 84 долари за барел откако се искачи за повеќе од 5 проценти во текот на претходните три сесии.
пред 8 часа
Берзански преглед: Фед се двоуми, акциите се на рекордни нивоа, а златото повторно поскапува
Индексот S&P 500 порасна за 0,6 отсто и, со неделен раст од околу 3,6 проценти, ја заврши својата втора најуспешна недела годинава.
пред 9 часа
Зошто цената на дизелот расте побрзо од цената на нафтата?
„Маките на Европа не претставуваат непосредна криза, туку проблем што допрва ќе се развива“, велат познавачите, мислејќи на очекуваниот недостиг на дизел.
08.08.2026
Иран бара забрана за американските бродови во Ормуз, како што напредува договорот со Оман
Исламската Република наводно ќе бара и надомест од непријателските земји пред да им биде дозволено да го користат теснецот.
06.08.2026
Новото поевтинување следува по падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во периодот меѓу двете пресметки на РКЕ. Кај бензините тие се намалиле во просек за 6,186 отсто, кај дизелот за 10,435 отсто, кај екстра-лесното масло за 8,138 отсто, а кај мазутот за 7,151 отсто.
Во пресметката влијаело и движењето на девизниот курс. Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,0313 отсто во споредба со претходната пресметка.
Од РКЕ посочуваат дека утврдените цени се максимални. Тоа значи дека трговците на големо и мало можат горивата да ги продаваат и по цени пониски од утврдените.