Министерството за финансии наскоро треба да им ја исплати каматата од пет проценти на лицата што вложија пари во граѓанските обврзници од втората емисија, која достасува во ноември годинава. Втората емисија на граѓански обврзници беше издадена во ноември 2023 година, во вкупен износ 17,6 милиони евра. Иако станува збор за сигурна инвестиција, со оглед на тоа што за неа гарантира државата, се наметнува прашањето колку се реалните приноси од инвестирањето во овој инструмент ако притоа се земе предвид стапката на инфлација во изминатиов период, која во одредени моменти надминуваше двоцифрени вредности.
Реалниот принос од обврзниците и депозитите во минус
Со помош на нашите аналитичари пресметавме колку е реалниот принос од граѓанските обврзници што беа издадени во првата емисија во јули 2023 година. Обврзниците беа со рок на достасување од две години и каматна стапка од пет проценти годишно. Граѓански обврзници запишаа вкупно 1.448 граѓани, во вкупен износ од 1,4 милијарда денари (23,5 милиони евра), на кои на двапати (во 2024 и во 2025 година) им беше исплатена вкупна камата од 2,4 милиони евра. За пресметката зедовме просечна сума што била од вложена од едно лице во обврзниците од околу 16.000 евра. Математиката покажува дека за толкава сума инвестирана во граѓански обврзници, по две години едно лице добило поврат од 800 евра годишно или вкупно 1.600 евра, што е бруто-принос (без влијанието на инфлацијата) од 10 проценти. Меѓутоа, ако се земе предвид дека кумулативната инфлација за периодот 2023-2024 година изнесувала 13,79 проценти, тогаш реалниот принос од инвестираната сума од 16.000 евра е минус 3,8 проценти. Со други зборови, иако ваквиот инструмент нуди сигурна заработка на хартија, во реалноста тоа не значи и реална добивка бидејќи поради високата инфлација парите ја губат вредноста односно куповната моќ е намалена.
Прочитај повеќе

Втора емисија на граѓанска обврзница со камата од 5 отсто
Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари.
18.10.2023

Граѓаните купија обврзници за 23,5 милиони евра
Успешно заврши роцесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница.
13.07.2023

Министерот Бесими купи граѓанска обврзница за да ѝ ја подари на ќерка си
Министерот вложи 10.000 денари, за две години ќе добие принос од 1.000 денари.
07.07.2023

Измеривме колку „тежат“ македонските блучипови: за пет години ја зголемиле вредноста за 130 отсто
Анализиравме колку пораснала пазарната вредност за пет години на најтргуваните компании на берзата.
14.07.2025

Високиот старт во 2025 ветува мирно лето за македонските блучипови
Кварталните резултати на македонските блучипови покажуваат дека имаат потенцијал 2025 година да ја завршат со поголем успех отколку претходната година.
15.05.2025

Време на дивиденди: Кои акционери ќе се насмевнат, а кои ќе бидат поднамуртени?
Од вкупно десет компании што го сочинуваат индексот МБИ10, пет одлучија да ја зголемат дивидендата во однос на 2023 година.
07.05.2025
Уште поголем е минусот кај реалниот принос од орочените депозити во банките. За оваа пресметка исто така ја зедовме сумата од 16.000 евра, со претпоставка дека едно лице ги орочило на две години (2023 и 2024 година). Просечната каматна стапка на орочените депозити, според податоците на Народната банка, во овој период била 1,95 проценти за првата година и 2,73 проценти за втората година. Пресметката на крајот покажува дека штедачот што орочил 16.000 евра имал реален принос од минус 9,1 проценти бидејќи кумулативната инфлација (13,79 проценти) била речиси трипати поголема од бруто-приносот од овој штеден влог (4,73 проценти).
Победија инвеститорите во МБИ10
Многу поголема причина за задоволство имаат граѓаните што во истиот период решија да инвестираат во најсилните акции на Македонската берза односно во индексот МБИ10. Реалниот принос од вложувањето во овој индекс е единствениот што беше позитивен во споредба со преостанатите два инструмента (граѓанските обврзници и депозитите). Имено, за инвестирани 16.000 евра во акциите од овој индекс во периодот 2023-2024 година, добивката по две години би била речиси 13.000 евра, што главно се должи на рекордниот раст на МБИ10 минатата година од 66,78 проценти. Бруто-приносот од ваквата инвестиција од 80,5 проценти неколкукратно ја надмина кумулативната инфлација во овој период (13,79 проценти), што обезбедува реален принос од 66,7 проценти.
Разбирливо, мора да се земе предвид дека вложувањето во акции носи ризици од различен карактер за разлика од депозитите и граѓанските обврзници, каде што каматите се гарантирани, но искуствата во изминативе години покажаа дека и инфлацијата претставува ризик што тешко може со сигурност да се предвиди.